• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
МИА20:34 13 февруари 2018 ● Прочитано 3252

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека вложува напори што е можно поскоро да се врати на тениските терени.

На почетокот на месецот, Ѓоковиќ беше подложен на хируршка интервенција и моментно се опоравува.

- Со секој изминат ден станувам се посилен и правам чекор напред кон враќањето на теренот. Не можам да дочекам да се вратам и повторно да бидам со рекет во мојата рака, напиша Ноле на Инстаграм под краткото видео што го објави.

Ѓоковиќ се врати на тениските терени во јануари по шестмесечно закрепнување од повреда на лактот. Но, за време на дуелите на Австралија Опен, тој повторно почувствувал болка.

Очекувањата се Ѓоковиќ да се врати во игра на почетокот на март за турнирот во Индијан Велс. Тој, исто така, најави учество и во „Мастерс“ турнирите во Мајами и Монте Карло, кои следат по него.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Давитков: Без калкулации, одиме на победа

Натпреварот ќе се одигра в недела (25 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.

Торес може да заврши во Кина

Напаѓачот сепак нема желба да заигра во Кина и сака да остане во Мадрид барем до јуни, кога му истекува договорот.

Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми праќаше бакнежи

Иако Наполи во Германија победи со 2:0, поради поразот од 3:1 од првиот натпревар остана без осминафинале во Лига Европа.

Срна доби 17-месечна суспензија

Фудбалерот на Шахтјор бил позитивен на допинг тестот направен по натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите на 22 март минатата година.

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега бразилските власти го тужат Ноле

Српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650 илјади долари.

НАЈЧИТАНИ