• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
МИА20:26 13 февруари 2018 ● Прочитано 3500

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез упатил интересна закана кон својата ѕвезда Кристијано Роналдо во 2012 година, кога Португалецот сакал да премине во ПСЖ, открива француско списание „Франс Фудбал“.

- Сакам да одам во Париз. Таму, луѓето навистина ќе ме сакаат. Французите ќе бидат толку задоволни дека играм во нивното првенство, што медиумите ќе направат кампања во моја корист за да ја освојам „Златната топка“, напишал Роналдо во порака до Перез, откако побарал повисока плата.

По оваа СМС, првиот човек на „кралскиот“ клуб се сретнал со Португалецот и му рекол: „Најди клуб кој ќе плати 200 милиони евра за тебе, а со тие пари ќе ја платам клаузула во договорот на Меси, кој ќе те замени“.

Се разбира, друга тема е дали Меси би прифатил трансфер во Реал во тоа време, кога Барса доминираше во Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Давитков: Без калкулации, одиме на победа

Натпреварот ќе се одигра в недела (25 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.

Торес може да заврши во Кина

Напаѓачот сепак нема желба да заигра во Кина и сака да остане во Мадрид барем до јуни, кога му истекува договорот.

Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми праќаше бакнежи

Иако Наполи во Германија победи со 2:0, поради поразот од 3:1 од првиот натпревар остана без осминафинале во Лига Европа.

Срна доби 17-месечна суспензија

Фудбалерот на Шахтјор бил позитивен на допинг тестот направен по натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите на 22 март минатата година.

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега бразилските власти го тужат Ноле

Српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650 илјади долари.

НАЈЧИТАНИ