• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 68
МИА18:06 13 февруари 2018 ● Прочитано 7084

Групата „Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ ќе ја претставува Република Македонија на Изборот на песна на Евровизија во Лисабон 2018, соопшти Македонската радиотелевизија. Автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, а аранжманот е на продуцентот Дарко Димитров.

По распишаниот јавен повик за песна која ќе ја претставува Македонија на Евровизија во португалската престолнина, на 10 февруари во просториите на МТВ се одржала селекција на пристигнатите песни.

Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектирала 12 композиции. ;Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата била рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.

По пребројувањето на гласовите, осумчлената комисија одлучила дека „Lost and found“ има убедливо најголем број гласови и едногласно заклучила дека избраната композиција на евровизиската сцена најдобро ќе ја донесе групата „Ај кју“. Таа е матична група на авторот Бојан Трајковски со вокалистката Марија Ивановска.

- Комисијата е едногласна во ставот дека одбраната композиција има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Ај кју“, објави Македонската радиотелевизија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Тексас“ на Скопје колинг 2018!

Пејачката Шарлин Спитери ги носи во Скопје сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“...

Најголемиот фаворит за Оскар е плагијат?

„Обликот на водата“, конкурент за Оскарите за најдобар филм, доби тужба за плагијат.

Кили на сцената, „Вардар“ во срцето, „Бубамара“ лази по политичарите

Пред ценетиот публикум, како што милува да каже, заради подобар живот се врати Кили, кој што изјави дека му е мило што е дома.

Покрената истрага против Тони Цетински

Поради несреќата која се случила лани и во која маж загина, органите покренале истрага против Тони Цетински.

Се ожени таткото на Џастин Бибер

Челзи покажа фотографија од специјалниот ден на која напиша: „Вчера беше најневеројатен ден. Се венчав со мојот најдобар пријател! Те сакам“.

НАЈЧИТАНИ