• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 68
Плусинфо17:25 13 февруари 2018 ● Прочитано 6626

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска соопшти дека Градот наскоро ќе отвори конкурс за идејно решение за дизајн на урбана опрема.

- Сакам да ја информирам целокупната јавност, вклучително и студентите од областа на архитектурата од сите релевантни факултети во Скопје, дека Градот Скопје во многу блиска иднина ќе распише конкурс за избор на идејно решение – дизајн на урбана опрема за потребите на Градот. Идејното решение кое му е потребно на Скопје опфаќа дизајн на клупа, корпа за отпадоци и заштитно столпче што ќе се постават на јавни простори пред училишта, студентски домови, факултети, плоштади, како и на булевари, магистрални и собирни улици кои се во надлежност на Градот. Во нашата заложба за одржлив урбан развој на Скопје, влегуваме силно, посветено и транспарентно, за да создадеме услови за унапредување на функционалноста и употребата на јавниот простор. На градот да му дадеме еден поинаков модерен лик кој ќе се издигне над архитектонските и естетски обременувања што нашето Скопје ги доживуваше во минатото. Имајќи предвид дека Градот Скопје го гледам како град за сите нас, сакам да потенцирам дека претстојниот конкурс ги отвора можностите и за искусните и за почетниците, за возрасните и за младите, за сите чинители коишто можат, умеат и сакаат да придонесат да живееме во инспиративно и креативно заедничко Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната презентација на конкурсот. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Градот Скопје ќе помогне со 7 милиони денари за нов живот на езерото Треска

Од буџетот за 2018 година ќе се одвојат 3.000.000 денари, в година се планирани два милиони денари и од буџетот за 2020 уште два.

Богдановиќ и еснафот на Старата скопска чаршија потпишаа меморандум за соработка

Целта е заеднички да се делува во јакнење на меѓусебните односи и да се подобруваат условите за работа на занаетчиството.

Дефект на трафостаница остави делови од Скопје без вода и струја

Од ЕВН Македонија за МИА изјавија дека изводот кој бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенерегетска опрема.

Богоев најави санкции за сите што го загадуваат Кејот на Вардар

Како една од првите критични локации е посочен Кејот на Вардар, односно мостот „Газела”, каде што честопати локалното население создава депонија.

На местото на Ќосето - дрво со плочка „Секој има исто право на праведно и јавно судење“!

Скопскиот градоначалник рече дека со отстранување на споменикот, започнува справувањето со проектот „Скопје 2014“.

НАЈЧИТАНИ