• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 68
МИА16:51 13 февруари 2018 ● Прочитано 2571

Штафетата на Република Кореја се квалификува во финалето на 5.000 метри за мажи на турнирот на „шорт-трек“ (лизгање на кратки патеки) на Олимписките игри во Пјонгчанг.

Во полуфиналето, Корејците ја освоија втората серија со нов олимписки рекорд - 6.34.510 минути. Второто место е за Унгарија со 6,36,866 минути. Светскиот рекорд за должината е 6.29.052 секунди.

Во финалето „А“ ќе се натпреваруваат уште Кина, Канада и Унгарија, а во финалето „Б“ - Казахстан, САД и Јапонија. Холандскиот тим беше дисквалификуван во полуфиналето.

Кина го освои првото полуфинале со 6,36,605 минути, пред Канада и Казахстан.

САД е олимписки вицешампион од Сочи 2014. Олимпискиот шампион од пред четири години, Русија не учествува во Игрите. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Давитков: Без калкулации, одиме на победа

Натпреварот ќе се одигра в недела (25 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.

Торес може да заврши во Кина

Напаѓачот сепак нема желба да заигра во Кина и сака да остане во Мадрид барем до јуни, кога му истекува договорот.

Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми праќаше бакнежи

Иако Наполи во Германија победи со 2:0, поради поразот од 3:1 од првиот натпревар остана без осминафинале во Лига Европа.

Срна доби 17-месечна суспензија

Фудбалерот на Шахтјор бил позитивен на допинг тестот направен по натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите на 22 март минатата година.

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега бразилските власти го тужат Ноле

Српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650 илјади долари.

НАЈЧИТАНИ