• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 71
МИА16:07 13 февруари 2018 ● Прочитано 2621

Јапонскиот лизгач Кеи Саито е првиот учесник на ЗОИ во Јужна Кореја кај кого е откриено користење недозволени супстанци.

Саито кој се натпреварува во брзо лизгање падна на допинг тестот спроведен ден по неговото пристигнувањето во Пјонгчанг. Јапонецот користел ацетазоламид, супстанца која се користи за прикривање на трагите на други забранети супстанции кои придонесуваат за подобрување на спортски перформанси.

Тој е суспендиран од неговата репрезентација и вратен дома, а допрва го очекува санкција од МОК.

Спортистот негира користење на недозволени средства.

- Никогаш не сум се обидел такво нешто. Поминав и анти-допинг обука и никогаш не би користел стероиди. Сакам да ја докажам мојата невиност. Ја прифаќам одлуката на репрезентацијата со цел да не бидам товар за тимот - рече Саито. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Давитков: Без калкулации, одиме на победа

Натпреварот ќе се одигра в недела (25 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.

Торес може да заврши во Кина

Напаѓачот сепак нема желба да заигра во Кина и сака да остане во Мадрид барем до јуни, кога му истекува договорот.

Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми праќаше бакнежи

Иако Наполи во Германија победи со 2:0, поради поразот од 3:1 од првиот натпревар остана без осминафинале во Лига Европа.

Срна доби 17-месечна суспензија

Фудбалерот на Шахтјор бил позитивен на допинг тестот направен по натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите на 22 март минатата година.

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега бразилските власти го тужат Ноле

Српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650 илјади долари.

НАЈЧИТАНИ