• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
МИА15:51 13 февруари 2018 ● Прочитано 2382

Светскиот шампион Келд Нуис (Холандија) ја освои олимписката титула во дисциплината 1.500 метри брзо лизгање на Игрите во Пјонгчанг. Дваесет и осум годишниот Нуис заврши за 1:44.01 минути и го заслужи златото во олимпиското деби.

На второ место на 85 стотинки од секундата заврши друг Холанѓанец, Патрик Руст, кој се закити со сребреното одличје. Деветнаесет годишниот претставник на домаќините Ким Мин Сок ја заслужи бронзата со заостанување од 92 стотинки од секундата зад победникот.

Бранителот на титулата од Сочи 2014, Збигнев Бродка (Полска) беше разочарувањето на денот и заврши едвај 12-ти, со 2.30 секунди зад шампионот. Триесет и петгодишниот ветеран Шани Дејвис (САД), трикратен светски шампион во дисциплината, кој има и два сребрени олимписки медали на 1.500 метри од Торино 2006 и Ванкувер 2010, се пласира 19-ти со 2,73 секунди заостанување. Олимпискиот вицешампион од Сочи 2014, Кун Фервај (Холандија), пак, се рангира 11-ти со заостанување од 2,25 секунди.

Брзо лизгање, 1.500 метри, мажи:

1. Келд Нуис (Холандија) - 1: 44.01 минути
2. Патрик Руст (Холандија) - 1: 44.86
3. Ким Мин Сок (Република Кореја) - 1: 44.93
4. Харалдс Силовс (Латвија) ​​- 1: 45.25
5. Такуро Ода (Јапонија) - 1: 45.44
6. Барт Свингс (Белгија) - 1: 45.49.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Давитков: Без калкулации, одиме на победа

Натпреварот ќе се одигра в недела (25 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.

Торес може да заврши во Кина

Напаѓачот сепак нема желба да заигра во Кина и сака да остане во Мадрид барем до јуни, кога му истекува договорот.

Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми праќаше бакнежи

Иако Наполи во Германија победи со 2:0, поради поразот од 3:1 од првиот натпревар остана без осминафинале во Лига Европа.

Срна доби 17-месечна суспензија

Фудбалерот на Шахтјор бил позитивен на допинг тестот направен по натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите на 22 март минатата година.

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега бразилските власти го тужат Ноле

Српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650 илјади долари.

НАЈЧИТАНИ