• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
МИА15:22 13 февруари 2018 ● Прочитано 1187

Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во изјава за медиумите, по реакциите што ги предизвика, говорејќи синоќа на состанокот на општинскиот совет и утрово за грчката телевизија Скај.

Бутарис, изрази жалење што, како што рече бил изваден и објавен само еден дел од изјавите, а не ставовите во целост од вчерашниот состанок, јавува дописникот на МИА од Атина.

- Не предложив, не предлагам и нема да предложам промена на името, едноставно ја изразив мојата загриженост. Она што го кажав и не го одрекувам е дека во ова прашање имаме загубено, 130-150 земји, колку и да се, ја имаат признато земјата под името Македонија. И ние, за жал, со одговорност на грчките влади во последните 25 години, имаме загубено. И ова треба да не загрижува -  рече Бутарис на вонредната прес-конференција за медиумите во Солун.

Во однос на телефонското интервју во утринската емисија на грчката телевизија Скај, во која го спомена името на грчкиот кошаркар Галис како можна варијанта за име на солунскиот аеродром, Бутарис вели дека спиел кога го побарале.

- Одеднаш, утрово ми се јавуваат од Скај, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме праша една госпоѓа од Скај, не и го помнам името, кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис - објасни Бутарис, пренесе МИА.

Во однос на разговорите за името, солунскиот градоначалник, рече дека треба да се постигне договор што ќе биде добар и за двете страни.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Формирана парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ

Прв пат во Македонија, пратениците јасно и гласно покажуваат дека се претставници на сите граѓани без разлика на нивната сексуална ориентација.

Ацо Колевски нов член на Советот на јавни обвинители

Колевски остана запаметен како обвинител кој се замеша во работата на СЈО, по што обвинетиот Сеад Кочан, за кој беше побаран притвор, му беше укинат.

Името во фокусот на средбата Ципрас – Меркел

Меркел продолжува да ја охрабрува власта во ПЈРМ во насока на изнаоѓање решение, пишува грчката новинска агенција - јави дописникот на МИА од Атина.

Кривични за 11 лица за третманот на девојчето од Домот „25 Мај“

Инспекторите поднеле и 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица и 13 постапки за прекршоци на стручни лица.

Струмичанец затаил данок за заработени 20.000 евра на Фејсбук

Во текот на 2015 година тој со продажба на услуги преку социјалната мрежа „Фејсбук” остварил приход од 1.260.511 денари.

НАЈЧИТАНИ