• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 71
Плусинфо13:32 13 февруари 2018 ● Прочитано 4810

Лавовите во резерватот за диви животни во Јужна Африка минатата недела го растргнале и го изеле човекот за кого полицијата вели дека бил ловокрадец.

Изглоданите остатоци од телото минатиот викенд биле пронајдени кај националниот парк Кригер.

– Изгледа дека во прашање била група ловокрадци и дека лавовите еден од нив убиле и потоа речиси целиот го изеле. Му ја оставиле само главата и некои помали делови од телото – навела полицијата и додала дека кај остатоците од телото била пронајдена наполнета пушка.

Неколку лавови минатата година биле отруени во тој резерват и им биле отсечени главите и шепите, кои се користат во традиционалната медицина.

Носорозите се најголемата мета на локалните ловокрадци во Јужна Африка каде што живее околу 80 отсто од светската популација на тој животински вид.

Речиси 1.000 носорози минатата година се убиени во илегален лов, претежно поради рогот за кој се верува дека има терапевтско-афродизијачки својства.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Водителката го осигурала задникот на 80.000 евра, на него „паѓаат“ најпознатите фудбалери

Има повеќе од два и пол милиони следбеници на Инстаграм, а нејзините снимки на Јутјуб имаат повеќе од два милиони прегледи.

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега властите одговорија со контратужба против тенисерот

Доаѓањето на најдобиот српски спортист во Рио го организирале две компаниии – „Деки 10“ и „Адма Евенти“.

Конфискуван имот на вдовицата на Пабло Ескобар

Пабло Ескобар, кој со години беше најбараниот човек во Колумбија, беше убиен во декември 1993 година.

Ништо не може да го спречи роботот да ја исполни својата цел (ВИДЕО)

За движењата на роботот е задолжен софтвер, кој му овозможува да го усогласува неговото однесување во однос на пречките.

Во стан во Буенос Аирес пронајдени над 200 змии

За овој случај осомничено е едно лице, а змиите по ветеринарните прегледи ќе бидат вратени во нивните природни живеалишта.

НАЈЧИТАНИ