• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
МИА13:18 13 февруари 2018 ● Прочитано 978

Се радувам поради тоа што има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, одговарајќи на новинарско прашање за спорот за името меѓу Грција и Македонија.

- Тоа е билатерално прашање и да ги оставиме Атина и Скопје да ги водат преговорите со посредство на Обединетите нации, нагласи Захариева и посака успех во преговорите - јави БТА, пренесува МИА.

Во Бугарија, која е актуелен претседавач со Европската унија, на 15 и 16 се одржува неформален состанок на Советот за надворешни работи (Гимних), на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Формирана парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ

Прв пат во Македонија, пратениците јасно и гласно покажуваат дека се претставници на сите граѓани без разлика на нивната сексуална ориентација.

Ацо Колевски нов член на Советот на јавни обвинители

Колевски остана запаметен како обвинител кој се замеша во работата на СЈО, по што обвинетиот Сеад Кочан, за кој беше побаран притвор, му беше укинат.

Името во фокусот на средбата Ципрас – Меркел

Меркел продолжува да ја охрабрува власта во ПЈРМ во насока на изнаоѓање решение, пишува грчката новинска агенција - јави дописникот на МИА од Атина.

Кривични за 11 лица за третманот на девојчето од Домот „25 Мај“

Инспекторите поднеле и 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица и 13 постапки за прекршоци на стручни лица.

Струмичанец затаил данок за заработени 20.000 евра на Фејсбук

Во текот на 2015 година тој со продажба на услуги преку социјалната мрежа „Фејсбук” остварил приход од 1.260.511 денари.

НАЈЧИТАНИ