• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
МИА11:49 13 февруари 2018 ● Прочитано 3338

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос во радио интервју ја употреби фразата „единствениот добар Турчин е мртов Турчин“, објави онлајн изданието „Екатимерини“.

Во интервју за радиото Скај, Пангалос нагласи дека Грција се „соочува“ со голем проблем со Турција.

– Непријателот е немилосрден и нема да биде надминат, без разлика на тоа колку добра волја ќе покажеме - рече тој.

Пангалос, кој беше министер за надворешни работи од 1996 до 1999 година, е познат по неговите контроверзни изјави, потсетува „Екатимерини“.

Во 90-тите, тој рече дека Германија е „џин со ѕверска сила и детски мозок“ и ја обвини Турција дека „ги влече своите крвави чизми низ теписите на Европа“.

Во 2010 тврдеше дека и политичарите и граѓаните ја делат одвогорноста за грчката криза.

– Ги изедовме парите сите заедно - рече тогаш.

Во 2013 година, тој тврдеше дека Грција ги прислушувала американските амбасадори во Атина и во Анкара кон крајот на 1990-тите.

Во 2014 година Пангалос рече дека не сака да го гледа лицето на кандидатката на Сириза за градоначалник на Атина, Рена Дуру, на постери. Тој додаде дека, наместо тоа, повеќе би сакал да види фотографија од целото нејзино тело во бикини.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Шпанската полиција наместо Пуџдемон, ќе уапсела комичар

Комичарот Хоакин Рејес за радиопрограмата „Ла Вентана“ изјавил дека му пришле шестмина полицајци додека бил облечен како Пуџдемон и изведувал скеч.

Апсења по заплена на кокаин во руската амбасада во Аргентина

Во рамките на полициската операција, властите го замениле кокаинот со брашно додека се уште бил во просториите на амбасадата, објави „Ројтерс“.

Во САД беа закажани три смртни казни во еден ден, само една се спроведе

Ерик Бренч (47), осуден на смртна казна поради убиство и силување на студентка во 1993 година, на Флорида прими смртоносна инјекција.

Путин вози „лада“ од 2009 и две „волги“ од шеесетитте на минатито век

На банкарските сметки Путин има 13,8 милиони рубљи, односно 241 илјади долари, како и 230 акции во Банката Санкт Петербург, пренесува „Вашингтон пос“.

Снег ја окова Хрватска

Меѓу Славонија и Далмација има проблеми во сообраќајот поради снегот.

НАЈЧИТАНИ