• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
Плусинфо09:31 13 февруари 2018 ● Прочитано 5609

Во кумановската библиотека вечер ќе се одржи поетско дружење со поетесата Елена Пренџова по повод објавувањето на книгата есеи „Мини прирачник за поезија“.

Ова е седма книга на Пренџова и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија. Книгата содржи десет есеи објавени во периодиката, презентирани на поетски средби и фестивали, но и претходно необјавени текстови.

- Ова е моја прва објавена книга која не е збирка поезија. Сепак, врската со поезијата е очигледна, затоа што оваа книга претставува збирка размисли и ставови за поезијата и актуелната поетска сцена. Чувствувам дека една ваква збирка си должев себеси по многуте експериментирања и истражувања во различните поетски стилови - изјави поетесата за „Мини прирачник за поезија“.

За делата на Пренџова ќе зборува поетесата Оливера Доцевска.

Елена Пренџова (1985) е магистер по филолошки науки и дипломиран професор по англиски јазик и книжевност. Уредничка е на книжевното списание „Современост“ и организаторка на слем настани низ Македонија.

Авторка е на шест збирки поезија: „Љубољубна“ (2014) за која ја доби наградата „Караманов 2014“, „Политички коректна поезија“ (2014) за која годинава ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка-членка на ДПМ, „Живот под ѕвездите“ (2013) за која ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“, а истата книга е преведена и објавена на хрватски јазик, како резултат на наградата Најдобар поет на Првите регионални поетски средби во дистрикт Брчко, „Пораки од морето“ (2011) за која е добитничка на наградата „Бели мугри“; „Таа“ (2009) и „Јас“ (2006).  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Промовирана публикацијата „Римски театар-Скупи“

Публикацијата е обемен, квалитетен и драгоцен придонес за археолошката наука.

„Критиката - актуелни аспекти“ - трибина на Институтот за македонска литература

За квантитетот на изданија на критики кај нас мерило е бројот на книги што конкурираат за наградата на ДПМ за критика и есеистика „Димитар Митрев“.

Промовирана нова музејска едукациска алатка „Аферата Мис Стон“

Станува збор за интерактивна 3Д веб-сцена наменета за учениците од основното и средното образование и за сите кои сакаат да научат за овој настан.

Симфонски концерт за деца со Македонската филхармонија и Ивце Пивце

Мисијата е, велат од Фихармонија, преку класичната музика, но и преку еко приказната, да влијае врз образованието на децата.

Вработениот во кабинетот на Валмир Азири нема да добие 11.000 евра, проектот е повлечен

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски тврди дека по реакциите на јавноста самите учесници на конкурсот ги повлекле своите проекти...

НАЈЧИТАНИ