• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
МИА16:57 12 февруари 2018 ● Прочитано 6357

Кумановските актери од македонската драма изразија незадоволство од начинот на кој Министертвото за култура ги распредели средствата за 2018 година и сметаат дека театарот повторно е обесправен.

„Ние, актерите од Театар Куманово, јавно го искажуваме нашето незадоволство од објавените резултати за годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, според која, на театарот во Куманово (македонска драма) повторно се доделени само два проекти, со вкупен буџет од 1.600.000 денари“, стои во реакцијата на групата актери од кумановскиот театар.

Во реакцијата се наведува дека се револтирани поради, како што велат, долгогодишниот третман со кој се маргинализира, кумановскиот театар. Тие додаваат дека претходно биле охрабрени од ветувањата на новиот состав во Министерството дека ќе има фер дистрибуција на средствата. Во реакцијата нагласуваат дека работат во лоши услови и потсетуваат на проблемот дека се единствени во државата кои електронски го евидентираат работното време како административни работници. Тие потенцираат дека од 2010 година немаат уметнички директор и не учествуваат во креирање на политиките. Во кумановскиот театар функционираат две драми на македонски и албански и велат дека оваа година прославуваат 70 години од постоењето и оти очекувале дека годинава ќе добијат повеќе средства.

Актерите од Куманово прашуваат по кои критериуми се одобрени еднакви средства за двата проекта за македонската драма од кумановскиот театар. Во реакцијата, потсетуваат и на блескавото минато на кумановскиот тетар, и нагласија дека работат во импровизирани услови.

„Не само што сакаме, ние имаме обврска да го одржиме во живот овој театар, сакаме и имаме обврска да му го вратиме некогашниот сјај, зашто овој театар и сите вработени во него тоа го заслужуваат. Затоа што граѓаните, љубителите на театарот тоа го заслужуваат. Изгледа време е пак да се активира „Нема да ви помине!“, стои во реакцијата на групата актери.

Вршителот на должност од кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Роберт Цветковски, информираше дека годинава биле доставени по пет проекти и за македонската и албанската драма, а за одобрените одлучува комисија од Министерството за култура. И претходните години биле доделувани средства само по два проекта и кај македонската и кај албанската драма од кумановскиот театар.

Од Министерството за култура потврдуваат дека театарот работи во лоши услови и дека таквите можности (прокиснување, недостаток на греење и други големи проблеми) не обезбедуваат услови за квалитетно реализирање на програмата. Од Министерството појаснуваат дека кумановскиот тетар со двете драми добил четири проекти што е на исто рамниште со останатите театри. Петрит Сарачини, посебен советник за култура, наведува дека Министерството интензивно работи на обезбедување на условите, додавајќи дека санацијата на покривот на Центарот за култура и театарот во Куманово е дел од посебната програма на Министерството за санирање на покривите на повеќе објекти на националните установи низ целата земја, за што Владата на РМ во Буџетот за 2018 година обезбеди 60 милиони денари. Од Министерството додаваат и дека работат и на решение за проблемот со греењето кое се планира да се спроведе во најбрз можен рок во зависност од расположливите средства.

Од Министерството појаснија дека кумановскиот театар не поднел проект за одбележување на 70 годишнината, но дека како Министерство за култура стојат на располагање да се изнајде начин за одбележување на јубилејот.

- Генерално можеме да кажеме дека освен поддршката за проектите, преку годишната програма се обезбедени средства и за раздолжување од обврските создадени со мегаломанското и неодговорно трошење во изминатите години, како и за создавање основни услови во установите и дејностите, по долгогодишна негрижа и запоставување. Комисиите инсистираа одобрените проекти да бидат издржани, со реални буџети што овозможуваат база за нивно успешно реализирање - стои во писмениот одговор на Сарачини. 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Промовирана публикацијата „Римски театар-Скупи“

Публикацијата е обемен, квалитетен и драгоцен придонес за археолошката наука.

„Критиката - актуелни аспекти“ - трибина на Институтот за македонска литература

За квантитетот на изданија на критики кај нас мерило е бројот на книги што конкурираат за наградата на ДПМ за критика и есеистика „Димитар Митрев“.

Промовирана нова музејска едукациска алатка „Аферата Мис Стон“

Станува збор за интерактивна 3Д веб-сцена наменета за учениците од основното и средното образование и за сите кои сакаат да научат за овој настан.

Симфонски концерт за деца со Македонската филхармонија и Ивце Пивце

Мисијата е, велат од Фихармонија, преку класичната музика, но и преку еко приказната, да влијае врз образованието на децата.

Вработениот во кабинетот на Валмир Азири нема да добие 11.000 евра, проектот е повлечен

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски тврди дека по реакциите на јавноста самите учесници на конкурсот ги повлекле своите проекти...

НАЈЧИТАНИ