• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
Плусинфо16:41 12 февруари 2018 ● Прочитано 9646

„Ве молиме не паркирајте бидејќи ќе се поставуваат столпчиња по цела должина на тротоарот, во спротивно пајак ќе ви ја земе колата!“ Вакви соопштенија минатата недела беа закачени на шофершајбните на автомобилите паркирани на тротоарот покрај булеварот Партизански одреди, на потегот од Универзална сала до улицата Френклин Рузвелт.

Соопштенијата беа без потпис, па нејасно остана кој побара од тамошните жители да ги тргнат своите возила од овој простор, кој е всушност единствениот дел каде што е можно паркирање на тротоар покрај Партизанска, а тоа да не се казнува. Деновиве беа поставени столпчиња на аголот на крстосницата на Партизанска со Рузвелтова и во должина од дваесетина метри кон Универзална и работата е запрена.

Во ноември 2016 година граѓаните од овие згради жестоко се спротивставија на обидот на тогашната градска власт да се укинат паркинг-местата на овој потег. Тие неколкупати протестираа паркирајќи ги своите возила на коловозот и блокирајќи го сообраќајот на Партизанска, покажувајќи на тој начин дека ако им се одземат тротоарите, ќе нема каде да ги паркираат своите возила. Во тој период се правеше велосипедската патека поради што немаше пристап до тротоарот и беше најавено поставување столпчиња, со кои и патеката и тротоарот ќе се ослободат за оние за кои се наменети.

Станарите од тамошните згради беа револтирани поради тоа што Град Скопје започнал градежни активности без да им обезбеди паркинг-простор. Протестираа затоа што нивните згради се лоцирани до самиот булевар, немаат подземни паркинзи, ниту друг простор каде што би се паркирале.

Сега Град Скопје може повторно да се соочи со истиот проблем доколку најпрво не го реши проблемот со паркирањето на станарите. Но, како што велат од Градот, веќе се ангажирани во постапката за уредување паркиралиште, со кое трајно би се обезбедиле места за паркирање за тамошните жители.

- Град Скопје е во комуникација со станарите на станбените згради на посочената локација и се работи на заедничко утврдување долгорочно решение за паркирањето на нивните возила. Имено, се работи за договарање постапка за расчистување простор меѓу зградите и уредување на паркиралиште. Доколку се најде заеднички јазик со станарите, проблемот ќе биде решен и во нивен интерес, но и во интерес на безбедното и непречено движење на пешаците, велосипедистите и децата на тротоарот покрај Партизанска - нагласуваат од Град Скопје.

Проблемот на жителите од недостиг на паркиралиште е реален, затоа што во околината се тесни улички каде нема каде да се паркира. Има само една катна гаража, „Импексел“ веднаш зад Универзална сала, која е комерцијален објект и е во приватна сопственост.

Од друга страна, пешаците исто така имаат право на простор за движење, кој со години на овој потег е узурпиран од паркирани возила. Слободна е само велосипедската патека, каде што на пешаците исто така не им е дозволено движење.
На потег е Град Скопје, кој треба да најде решение прифатливо и за граѓаните што имаат проблем со паркирањето и за пешаците и за велосипедистите. 


Анета Стојковска

(Објавено во „Слободен печат“)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Градот Скопје ќе помогне со 7 милиони денари за нов живот на езерото Треска

Од буџетот за 2018 година ќе се одвојат 3.000.000 денари, в година се планирани два милиони денари и од буџетот за 2020 уште два.

Богдановиќ и еснафот на Старата скопска чаршија потпишаа меморандум за соработка

Целта е заеднички да се делува во јакнење на меѓусебните односи и да се подобруваат условите за работа на занаетчиството.

Дефект на трафостаница остави делови од Скопје без вода и струја

Од ЕВН Македонија за МИА изјавија дека изводот кој бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенерегетска опрема.

Богоев најави санкции за сите што го загадуваат Кејот на Вардар

Како една од првите критични локации е посочен Кејот на Вардар, односно мостот „Газела”, каде што честопати локалното население создава депонија.

На местото на Ќосето - дрво со плочка „Секој има исто право на праведно и јавно судење“!

Скопскиот градоначалник рече дека со отстранување на споменикот, започнува справувањето со проектот „Скопје 2014“.

НАЈЧИТАНИ