• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 71
Плусинфо21:30 08 февруари 2018 ● Прочитано 6078

Жена од Северна Кореја ја следеше стандардната партиска линија. „Сите Корејци ширум светот сонуваат и работат на обединување“, ми рече додека разговаравме во Пјонгјанг пред три години. „Всушност, јас мразам да ви го кажам ова“, внимателно одговорив, „но јас поминав извесно време во Селото таму долу ", позајмувајќи го еуфемизмот кој го користат Северњаците за Јужна Кореја. „Младите луѓе во голема мера го изгубија интересот за обединување. Тие ја гледаат Кореа како две одделни земји и не мислат дека е неопходно да се обединат“. Мислам дека прв пат го слушна тој став. Таа пропелтечи и го смени муабетот, коментира Andray Abrahamian за Ројтерс.

Долготрајниот ефект на Зимските олимписки игри, кои започнуваат денес во Јужна Кореја, може да ја однесат таа порака до нејзините сонародници на северот - и тие што останаа во Јужна Кореја. Шармантните офанзиви на Пјонгјанг на југот веќе не даваат ефект; помладите Јужнокорејци едноставно не се грижат толку за обединување.

Пјонгјанг долго време апелираше до чувствата на Јужњаците за обединување на „етничката заедница“ на Корејците како начин да се обиде да добие поддршка додека ги поткопува конзервативните Јужнокорејци кои го поддржуваат Сојузот на САД и Кореја. Целејќи на емоциите на јужњаците во врска со корените и семејството, особено во текот на 2000-тите години на „Сончевата политика" на Сеул, беше делумно начин да се каже: „Гледајте, сакаме да работиме со вас, нашите јужни браќа и сестри, но Американците стојат на нашиот пат“.

Олимпијадата овозможи Пјонгјанг и владата на Мун Џај-ин да преземат голем број размени и помирувачки мерки во почетокот на јануари. Тие вклучуваат заеднички хокеарски тим, заедничка скијачки тренинзи во одморалиштето Масикјонг во Северна Кореја, навивачки тим и изложби на Таеквондо од Северот, како и концерти на Северниот оркестар.

Рејтингот на Мун се намали од 73 проценти на почетокот на годината на 64 отсто по овие обединувачки настани. Анкетите покажаа дека падот на популарноста кај младите луѓе беше особено голем, како последица на создавањето на Заедничкиот олимписки тим кој предизвика подбив.

Се разбира, овој пад во популарноста не е катастрофа, а падот на претседателот Мун во анкетите за јавното мислење, исто така, се врзани со неговите силни обиди да се доведе трговијата со криптовалутата под државна контрола. И ова повторно зборува за тоа колку младите луѓе - најголемата популација што тргува со биткоините - се заинтересирани за клучните ветувања за кои тој е избран: некорумпирано владеење и економски можност.

Сепак, барем некои од негодувањата се јасно поврзани со желбата на Мун да понуди на Северна Кореја повеќе места на Олимписката маса. Кога 12 Севернокорејки беа додадени на јужнокорејскиот женски хокеј тим, една анкета покажа 70 проценти неодобрување.

Ова е дел од трендот во кој помладите Јужнокорејци се или апатични или имаат активно непријателски однос кон Северна Кореја. Студијата на Институтот Асан од 2015 година откри дека „одвојувањето на младите од Северна Кореја“ е „можеби најважната тековна тема во јавното мислење“ во текот на претходните пет години. „Додека оваа група е јасно прогресивна за прашања како хомосексуални бракови, таа исто така се идентификува како конзервативна за тешките безбедносни прашања“, открива студијата.


Навистина, рејтингот на Мун остана висок кога тој се согласи да го распореди THAAD анти-ракетниот систем во август 2017 година. Таа одлука имаше поддршка од 72 отсто меѓу Јужнокорејците.

Можеме да заклучиме дека помладите Јужнокорејци се воздржани, бидејќи нивните погледи кон Северот се совпаѓаат со периодот во кој Сеул го обвини Пјонгјанг за потонувањето на чеонанскиот воен брод во 2010 година во кој загинаа 46 морнари; гранатирање од Северот на островот Јонпионг-истата година, и агресивното нуклеарно и ракетно тестирање на Пјонгјанг.

Освен тоа, глобализацијата и битката во натпреварувањето во тешки економски околности ги информираат младите на Јужна Кореја за перцепциите за себе и за нивната позиција во светот. Јасно е дека на многу начини животот е потежок за оние во своите 20-ти години отколку за нивните родители. Со оглед на нивните сопствени економски борби, младите луѓе не поддржуваат недвосмислено давање на финансиски средства на Северот. Многумина не сакаат да им ги дадат на Севернокорејците и тешко заработените места во редовите на нивниот национален тим за хокеј.

Либералните и прогресивни вредности исто така се фактор. Повеќе млади луѓе студирале или патувале во странство. Тие ги консумираат странските медиуми и гледаат дека мешаните бракови се нормални. Нивните ставови кон крвните врски и чистотата на расата и идентитетот се сменија. И, за разлика од нивните родители, тие никогаш не познавале некој од Северот. Поделбата на полуостровот е политички, но не и личен факт. Со оглед на дисфункцијата на ДПРК, не е изненадување што сметаат дека обединувањето со северната држава е непривлечно.

Кога Северна Кореја ги повика „сите Корејци“ да промовираат соработка и обединување минатиот месец, младите Јужнокорејци слушнаа, но веројатно нема да дејствуваат кон тоа. Тие ќе бидат љубопитни и понатаму додека ги гледаат северњаците во посета на нивната земја, но нема да бидат полни со надеж на начин на кој луѓето беа во текот на раните 2000-ти.

Мун е демократски, прагматичен политичар. Ако оди многу над преовладувачките чувства, тој ќе се прилагоди.

Како Пјонгјанг ќе реагира е друга работа. Некои од елитата на Пјонгјанг - глобални патници и интернет корисници - веќе знаат за трендовите меѓу помладите Јужнокорејци. Некои, особено постарите носители на одлуки, веројатно не. Ако офанзивата на шарм не успеа да го направи тоа во последниве децении, дали ќе ги прилагодат своите пораки?

Можно е да се замисли Пјонгјанг да ја ублажи реториката на обединување и да се префрли кон пораките на коегзистенција за јавноста надвор од неговите граници. Но, исто така е можно Северниот дел да ја удвои пропагандата која веќе не функционира, во обид да се мобилизираат чувствата кои повеќе не постојат. Ниту еден пристап најверојатно нема да успее ако Северните продолжат со циклусот тестирање и провокации со оружје.

Непроѕирноста на донесувањето на одлуки на елитата во Пјонгјанг го отежнува прогнозирањето на одговорите. Меѓутоа, она што веќе го гледаме е дека Олимпијадата во Пјонгчанг ќе биде пресвртница на тоа како двете Кореи се разбираат.

(Andray Abrahamian е истражувач на Пацифичкиот форум ЦСИС и автор на книгата „Северна Кореја и Мјанмар: Дивергентни патеки“.)

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кога дознав дека сум кандидат за трансплантација, солзи ми потекоа

Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот

Интелектуалец во политиката

Визиите и идеите се убава работа, но треба да бидат осведочени со конкретни дела и начин на однесување.

Во пресрет на изборите во Унгарија: Орбан се расфрла со националистички пароли

Последниве недели во своите говори тој сè пожестоко ги повторува тезите кои многумина ги оценуваат како изразито националистички и расистички.

Њујорк тајмс во Косово: Десет мрачни години од прогласувањето на независност

- Ќе се разбудиш едно утро, ќе се погледнеш во огледало и ќе сфатиш дека плимата на историјата те прегазила - Ричард Холбрук му рече на Ивановиќ.

Тешки зборови во Минхен

На Минхенската конференција за безбедност според учесниците можеше да се види: времињата се несигурни како што одамна не биле.

НАЈЧИТАНИ