• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо13:46 14 јануари 2018 ● Прочитано 2253

 Слаб, речиси никаков е одѕивот на скопјани во битката за чист воздух, а кои денеска беа повикани да протестираат пред Владата.

Протестираа едвај педесетина кои со пароли „Вие и вашите деца дишете друг воздух?! “, „Сакам да дишам“, „Чист воздух – здрави деца“ се обидоа уште еднаш да ја разбудат совеста кај своите сограѓани да придонесат за почист воздух, кога веќе мерките против  аерозагадувањето што ги преземаат властите не даваат резултати.

Аерозагадувањето во Скопје и во неколку други градови во земјава е алармантно и опасно по здравјето. Истражувањата покажуваат дека годишно губиме 1.300 животи поради болести предизвикани од отровите во воздухот, како што е ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето.

Oрганизаторот на настанот Рашо Радулов, кој го најави протестот на „Фејсбук“, оцени дека и актуелната и претходната власт немаат слух за ова прашање.

Според него, на денешниот протест се појавиле повеќе новинари отколку граѓани. Радулов исто така напомена дека бесплатниот автобуски превоз е само препорака, но не и ефективна мерка против загадувањето.

Град Скопје досега двапати ги активираше итните мерки со цел да се придонесе за намалување на загадувањето на главниот град.

ФОТО: Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ВМРО-ДПМНЕ ќе си го брои членството

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, била донесена одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата.

Бутарис: Никој не ни го краде идентитетот, Грците не се информирани

Градоначалникот на Солун се огради од денешниот масовен протест против името на Македонија.

Магла на Стража, Страцин, и Крива Паланка-Деве Баир

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, кој не се задржува на коловозот.

90.000 излегоа на протест во Солун за името Македонија

Организаторите се задржаа на аргументите дека Грција не треба ниту да преговара ниту да прифати име во кое би бил вклучен терминот Македонија.

Гости нападнале газда на кафеана со тупаници и електрошок по телото

Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот кој се наоѓа во Дебар Маало.

НАЈЧИТАНИ