• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо12:59 14 јануари 2018 ● Прочитано 2844

Првата детска aмбасада во светот „Меѓаши" вели дека во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавни тела.

Овој став амбасадата го искажува откако група родители се пожалиле за несоодветен третман кон децата, родителите и воспитувачката во градинката „Кочо Рацин" од Скопје, поради што „Меѓаши“ најави дека утре ќе оддржи прес - конференција на која ќе информира за деталите.  

„Меѓаши"  вели дека повод за оваа прес-конференција е потребата на родителите чии деца ја посетуваат градинката „Кочо Рацин" да го искажат својот револт од начинот на кој е извршена кадровска промена во градинката, а при тоа не е земено предвид мислењето на родителите и најдобриот интерес на децата согласно член 3 од Конвенцијата за правата на детето каде се вели:

На прес-конференцијата која е закажана за 15 јануари (понеделник) покрај претседателот и основач на Детската амбасада, ќе се обратат и родители на деца кои ја посетуваат градинката „Кочо Рацин".

Проблемот е во тоа што повеќето родители на деца од оваа градинка ги бојкотираат, како што се вели во соопштението, на своја штета и на штета на децата, посетата, воспитувањето и згрижувањето како знак на револт и директна поддршка за воспитувачката Сузана Чурлинова од која се презадоволни и сметаат дека е вистинско кадровско решение за воспитување и згрижување на нивните деца како и на самата градинка. Оние родители, пак, кои немаат можност за чување, ги испраќале своите деца во градинка со порака на ранче, а согласно емотивните ставови на децата, кои си ја бараат својата воспитувачка со која се емотивно поврзани. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Стевананџија Данев и Димовски најдолго на собраниската говорница

Димитар Стевананџија од мај до август лани дискутирал 236 минути, Драган Данев со 233 минути и Илија Димовски 221 минута.

Пратениците ја почнуваат расправата за намалување на патните трошоци

За следната недела се најавени седници на три комисии кои ќе расправаат по предлото за измени на два закона од страна на СДСМ.

Пожар во стан во Карпош, нема повредени

Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета, нп нема повредени.

НАЈЧИТАНИ