• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо12:17 14 јануари 2018 ● Прочитано 1248

Во 4,30 часот две лица од Тетово, 22-годишниот О.С. и 22-годишниот С.С. во Полициската станица во Тетово пријавиле насилство од 17- годишно момче со иницијали Д.Р. и уште четири други малолетни лица.

Според пријавата, додека двајцата со уште една девојка околу 2 ,15 часот се движеле покрај угостителски објект во Тетово забележале мешаница во која учествувале повеќе лица, меѓу кои бил и нивен познаник, на кого се обиделе да му помогнат бидејќи физички бил нападнат од групата.

Во тој момент групата се нафрлила врз нив со клоци и тупаници, од што О.С. паднал и загубил свест.

Двајцата нападнати добиле лекарска помош во тетовската болница. Се работи на расчистување на случајот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ВМРО-ДПМНЕ ќе си го брои членството

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, била донесена одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата.

Бутарис: Никој не ни го краде идентитетот, Грците не се информирани

Градоначалникот на Солун се огради од денешниот масовен протест против името на Македонија.

Магла на Стража, Страцин, и Крива Паланка-Деве Баир

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, кој не се задржува на коловозот.

90.000 излегоа на протест во Солун за името Македонија

Организаторите се задржаа на аргументите дека Грција не треба ниту да преговара ниту да прифати име во кое би бил вклучен терминот Македонија.

Гости нападнале газда на кафеана со тупаници и електрошок по телото

Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот кој се наоѓа во Дебар Маало.

НАЈЧИТАНИ