• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо12:06 14 јануари 2018 ● Прочитано 1344

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија, со што се стекнал со противправна имотна корист од 364.500 денари, а причинил вкупна материјална штета од 3.500 денари.

Пријавениот на 23/24.04 и 09.12.2017 година извршил тешки кражби во продавници на ул.„Бојмија“ и бул. „Јане Сандански“ во Трговски центар Бисер во населбата Аеродром во Скопје. Сторителот со употреба на сила делувал на влезните врати, влегувал во продавниците и одземал пари и други предмети.

Во првиот случај, пријавениот со употреба на тврд предмет го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел пари, неколку пакувања со храна за животни, по што побегнал. Во вториот случај, А.Б. насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел лап топ, еден користен мобилен телефон и тринаесет нови мобилни телефони, по што побегнал. А.Б. бил приведен во Полициската станица Аеродром.

Со него бил извршен разговор при што го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Кај него биле пронајдени дел од украдените предмети, кои биле одземени и вратени на оштетените. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ВМРО-ДПМНЕ ќе си го брои членството

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, била донесена одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата.

Бутарис: Никој не ни го краде идентитетот, Грците не се информирани

Градоначалникот на Солун се огради од денешниот масовен протест против името на Македонија.

Магла на Стража, Страцин, и Крива Паланка-Деве Баир

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, кој не се задржува на коловозот.

90.000 излегоа на протест во Солун за името Македонија

Организаторите се задржаа на аргументите дека Грција не треба ниту да преговара ниту да прифати име во кое би бил вклучен терминот Македонија.

Гости нападнале газда на кафеана со тупаници и електрошок по телото

Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот кој се наоѓа во Дебар Маало.

НАЈЧИТАНИ