• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо12:01 14 јануари 2018 ● Прочитано 1197

Непознати сторители ноќта меѓу петокот и саботата насилно влегле во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, при што одзеле картонски кутии во кои имало пари.

Како што соопшти МВР, на 12 и 13 јануари во време од 16 до 7 часот во Тетово во соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ лоциран на ул.„Гоце Делчев“, непознати сторители скршиле дел од дрвената влезна врата од црквата, влегле внатре и со употреба на тврд погоден предмет отвориле две дрвени каси, од кои одзеле картонски кутии во кои имало пари.

Причинета е материјална штета од околу 12.000 денари, а СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ВМРО-ДПМНЕ ќе си го брои членството

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, била донесена одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата.

Бутарис: Никој не ни го краде идентитетот, Грците не се информирани

Градоначалникот на Солун се огради од денешниот масовен протест против името на Македонија.

Магла на Стража, Страцин, и Крива Паланка-Деве Баир

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, кој не се задржува на коловозот.

90.000 излегоа на протест во Солун за името Македонија

Организаторите се задржаа на аргументите дека Грција не треба ниту да преговара ниту да прифати име во кое би бил вклучен терминот Македонија.

Гости нападнале газда на кафеана со тупаници и електрошок по телото

Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот кој се наоѓа во Дебар Маало.

НАЈЧИТАНИ