• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА11:11 14 јануари 2018 ● Прочитано 1988

Челси Менинг, трансексуалниот американски војник одговорен за големото протекување на доверливи документи, поради што и отслужи седумгодишна зтаворска казна, сака да биде кандидат на Демократската партија за член на Сенатот на САД на изборите во ноември годинава.

Како што јави ДПА, Менинг има амбиции да се бори за местото на демократскиот сенатор од Мериленд, Бен Кардин, кој ќе се повлече од Сенатот по истекот на сегашниот мандат.

Челси Менинг, која е родена како Бредли Менинг, беше ослободена од затвор во мај минатата година, со одлука што ја потпиша поранешниот претседател на САД, Барак Обама, три дена пред напуштањето на функцијата.

Менинг беше осудена на 35 години затвор, затоа што во јануари 2010 година, тогаш како Бредли Менинг ангажиран како аналитичар на разузнавачки подароци во Ирак, на сајтот Викиликс му предала доверливи инфомации, кои потоа беа објавени.

Додека ја отслужуваше затворската казна Менинг објави дека се чувствува како жена и дека сака да и се обраќаат со Челси. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ