• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА10:52 14 јануари 2018 ● Прочитано 1848

 САД не успеаја да го уништат нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили, што претставува „долгорочна победа за Иран“, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

- Американските власти не успеаја да го уништат нуклеарниот договор. (Американскиот претседател Доналд) Трамп, и покрај големите напори, не успеа да ги уништи договорот, нагласи Рохни во обраќање преку иранската државна телевизија.

Изјавата на Рохани уследи отако Транп во петокот се закани дека САД ќе се повлечат од договорот за иранската нуклеарна програма, склучен во 2015 година меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија, доколку европските земји „не ги отстранат катастрофалните пропусти“ во спогодбата.

 Во реакција на заканата на Трамп, Кина ги повика сите земји потписнички на договорот да ги почитуваат обврските што произлегуваат од него.

- Договорот, кој не беше постигнат лесно, треба да се почитува, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Кан, додавајќи дека сите потписници треба да го имаат предвид поширокиот контекст на работите и долгорочниот интерес.

Според Лу, договорот е ислучително важен за зачувување на мирот и стабилноста на регионот на Блискиот Исток, па затоа Кина јасно се противи на ендострани чекори.

На заканата на Трамп реагираше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој порача дека е неопходно нуклеарниот договор да биде почитуван од сите негови потпсиници.

Со договорот, Иран се обврза дека својата нуклеарна програма ќе ја користи само за мирновременски цели и се согласи да дозволи меѓународни инспекции на неговите нуклеарни објекти, во замена за укинување на меѓународните санкции воведени кон земјата 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ