• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
МИА09:52 14 јануари 2018 ● Прочитано 1810

Русија го злоупотреби недостатокот од доверба на Американците кон основните факти за да се инволвира во демократските процеси на САД, оцени поранешниот американски претседател Барак Обама при гостување во шоуто на Дејвид Летерман.

- Ние живееме во целосно различни информациски универзуми. Ако гледате Фокс њуз живеете на друга планета, за разлика од слушателите на (националното радио) Ен-Пи-Ар, истакна Обама, коментирајќи ги поплаките на американскиот претседател Доналд Трамп за ширењето лажни вести и одговарајќи на прашањето дали мешање на странски актери во претседателските избори во 2016 е многу поголема закана за САД.

Осврнувајќи се на улогата на социјалните мрежи во изградбата на ставовите на луѓето, Обама изјави дека спротивно од нивната првична намена, кога социјалните мрежи служеа да го поврзат светот и кога беа искористени ефективно во неговата изборна кампања во 2007 година, променетите алгоритми на овие мрежи ги потврдија и опасно ги засилија предрасудите на корисниците, независно од нивната политичка определба.

- Токму тоа се случува на оние Фејсбук страници, каде се повеќе луѓе главно ги добиваат вестите. Во одреден момент се наоѓаш себеси затворен во меур и донекаде поради тоа политиката денес е толку поларизирана, оцени поранешниот американски претседател.

Учеството на Обама во Шоуто на Летерман, што сега се емитува на стриминг сервисот Нетфликс, беше негово прво телевизиско интервју откако ја напушти Белата куќа пред една година.

Во новото 60-минутното шоу на Летерман, наречено „Мојот следен гостин нема потреба од најава“ најавени е гостување на ексклузивни гости како актерот Џорџ Клуни, реперот Џеј Зи, комичарката Тина Феј и добитничката на Нобелова награда, Малала Јусафзаи. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Лавина уби петмина турски војници во југоисточна Турција

Лавината паднала врз припадниците на турските безбедносни сили за време на антитерористичката акција во подрачјето на Хизан.

Пет гола на Лацио во победата над Киево

На средбата одиграна попладнево на „Олимпико“ во Рим, домаќините забележаа победа со 5-1.

Меркел останува канцелар?

Германските социјалдемократи денеска поддржаа почеток на официјални разговори со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел за формирање влада.

Ердоган: Брзо ќе го исчистиме Африн

Нема повлекување... Не сме сами, Алах е со нас. Со Божја волја, оваа операција набргу ќе заврши, истакна турскиот претседател.

НУНС: Загрозена е безбедноста на уредникот на Бета, надлежните да преземат мерки

Хајката против Драган Јањиќ е индикативно покрената со спонзорирана објава - што говори дека се работи за организирана кампања против него.

НАЈЧИТАНИ