• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА12:35 13 јануари 2018 ● Прочитано 4556

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска, првпат од 2004 година, објави хрватската агенција Хина.

Рејтингот на земјата се зголемува од „ББ" на „ББ +" со стабилна перспектива. Одлуката е произлегува од одличната туристичка сезона и подобрувањето на јавните финансии, наведе Хина.

Економскиот раст на Хрватска во 2017 година остана на ниво од три отсто, а очекувањата се дека и во прогнозираниот период растот ќе продолжи. Економистите, исто така, очекуваат ниско ниво на инфлација.

Премиерот Андреј Пленковиќ го оквалификува зголемениот кредитен рејтинг на Хрватска како „добра вест", и охрабрување за владата да продолжи на патот на реформите.

Министерот за финансии Здравко Мариќ ја опиша оценката на Фич како признание за напорите и резултатите на владината економска политика.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен (ВИДЕО)

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми, вели Анѓушев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја воведоа обврската граѓаните да станат ДДВ обврзници

Владата на СДСМ ја разгледува можноста за зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник.

Алексовска: СДСМ наместо да враќа ДДВ ги оданочува граѓаните

Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Компаниите не пројавиле интерес за саемот „Зелена недела “ во Берлин

Министерот за земјодлество Љупло Николовски присуствуваше на форумот одржан во рамки на саемот на тема сточарство.

Американската влада делумно парализирана, Сенатот не донесе привремен буџет

Се очекува делумната парализа на работата на Владата на САД да почне од денеска.

НАЈЧИТАНИ