• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
МИА12:32 13 јануари 2018 ● Прочитано 1920

Сообраќајот на патиштата во земјата се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Ѓавато, но не се задржува на коловозот.

Намалена видливост од 30 до 40 метри поради магла има на патните правци Лисец – Попова Шапка, од 50 до 100 метри на Стража и до 100 метри во Крушево.

Поради отстранување на тешко моторно возило од коловоз кај клучка Дебреште, од 09:50 часот сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп, е пренасочен.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ВМРО-ДПМНЕ ќе си го брои членството

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, била донесена одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата.

Бутарис: Никој не ни го краде идентитетот, Грците не се информирани

Градоначалникот на Солун се огради од денешниот масовен протест против името на Македонија.

Магла на Стража, Страцин, и Крива Паланка-Деве Баир

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, кој не се задржува на коловозот.

90.000 излегоа на протест во Солун за името Македонија

Организаторите се задржаа на аргументите дека Грција не треба ниту да преговара ниту да прифати име во кое би бил вклучен терминот Македонија.

Гости нападнале газда на кафеана со тупаници и електрошок по телото

Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот кој се наоѓа во Дебар Маало.

НАЈЧИТАНИ