• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо11:04 13 јануари 2018 ● Прочитано 4425

Предлог немаше воопшто на масата. Одлучивме да го охрaбриме медијаторот Метју Нимиц што е можно побрзо, можеби уште сега идната среда, да излезе со една првична рамка што ќе даде надеж за суштински напредок. Најавивме спремност како министри да се вклучиме во тој процес, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

- Факт е дека меѓу нас има уште разлики и ќе видиме дали ќе биде можно тие разлики да ги надминеме. Многу е важно за Грција да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во идентитетските прашања и многу е важно да најдеме достоинствен начин – вели Димитров.

Тој вели дека Уставното име на важни конференции ние го немаме зашто сме претставени како ФИРОМ. Димитров смета дека површните фрази од типот „Го браниме името“ не соодветствуваат со реалноста.

- Предлогот на Нимиц нема да биде земи или остави, туку предмет на консултации за да видиме дали можеме да изградиме заеднички став. Ова е еден товар што заеднички мора да го носиме. Прашањето за идентитетот создава една несигурност - што сме ние од утре. Ако тоа го доведеме во прашање тогаш нема да ја надминеме оваа рамка. Прашањето како ние се чувствуваме и нашиот идентитет не смеат да бидат предмет на амин на една соседна држава ниту на една меѓународна организација. Јас сум убеден дека тоа ќе успееме да го покриеме, но тоа не е доволно. Дистинкцијата на нашата држава Македонија и нивниот регион Македонија мора да се направи на начин што ќе биде достоинствен и што ќе биде прифатлив и за нас. Третото прашање е каде таа дистинкција ќе се применува и тн. и тие две прашања се врзани. Ќе треба доверба и со чист образ да излеземе во јавноста и да го браниме и наша заедничка одлука како граѓани – вели Димитров во интервјуто за ТВ 21.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Стевананџија Данев и Димовски најдолго на собраниската говорница

Димитар Стевананџија од мај до август лани дискутирал 236 минути, Драган Данев со 233 минути и Илија Димовски 221 минута.

Пратениците ја почнуваат расправата за намалување на патните трошоци

За следната недела се најавени седници на три комисии кои ќе расправаат по предлото за измени на два закона од страна на СДСМ.

Пожар во стан во Карпош, нема повредени

Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета, нп нема повредени.

НАЈЧИТАНИ