• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА22:05 12 јануари 2018 ● Прочитано 3806

Официјален Вашингтон уште еднаш упати апел до властите во Косово да се откажат од идејата за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства.

- Заборавете на идејата за укинување на Специјалнот суд и под итно престанете со активностите за укинување на активноста на овој суд - пренесуваат косовските медиуми.

Во изминатите два дена во Приштина престојуваше германско-француска делегација во врска со ова прашање. Таа имала средба со премиерот Рамуш Харадинај и со претседателот Хашим Тачи, но детали за тоа не се соопштени.

Тие се сретнале и со претставници на опозициските партии Демократски сојуз на Косово и Движењето „Самоопределување“.

Од Демократскиот сојуз изјавија дека „странските емисари ја искажале големата вознемиреност на Берлин и Париз, околу идејата за укинување на Специјалниот суд, додека од „Самоопределување“ дека на странците иим бил пренесен ставот на партијата за неправедноста на овој Суд.

Денеска и ЕУ ги повика косовските пратеници да се откажат од укинувањето на Специјалниот суд.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ