• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА21:40 12 јануари 2018 ● Прочитано 5700

Албански рибари кај островот Сазан, во близина на Валона „уловиле“ воена мина останата од Втората светска војна, тешка околу 600 килограми.

Мината била во водите на Јонско Море на длабочина од 160 метри и на оддалеченост од околу 14 милји од островот Сазан.

Рибарите ја информирале албанската полиција, која потоа мината ја транспортирала кај воената база „Трипорт“ во близина на Зврлец.

Специјализирани сили на албанската армија ќе извршат понатамошни испитувања врз застарената експлозивна направа, за која рибарите велат дека најверојатно не била експлодирана.

Инаку, островот Сазан, во чија близина била пронајдена бомбата, во минатото на комунистичка Албанија се користел како една од главните воени бази во земјата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

НАСА откри тунели на Месечината

Околу екваторот на Месечината откриени се околу 200 слични отвори, а новите се откриени на Северниот пол.

НАСА објави слики од наоблачениот јупитер

Леталото се наоѓало веднаш над јужниот пол на планетата, што значи дека успешно ги снимило нејзините различни слоеви од долу нагоре.

Ѝ наплаќаат станарина на својата петгодишна ќеркичка

Мојата петгодишна ќерка мора да ни плаќа за кирија и сметки, вели една мајка во својот пост на Фејсбук

Пост на една мајка за сајбербулинг кој речиси ја уништил нејзината 17.годишна ќерка

Можеби не сфаќаат колкава е штетата што ја прават додека седат зад своите лаптопи, таблети или телефони, но оваа девојка поради ова завршила во болниц

ОН: Светот рапидно се затоплува

Просечната температура во 2017 година е повисока за околу 0,46 степени Целзиусови од температурата измерена во периодот од 1981 до 2010 година.

НАЈЧИТАНИ