• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА21:16 12 јануари 2018 ● Прочитано 2999

Мартин Шулц, лидерот на германската Социјалдемократска партија (СПД), денеска изјави дека очекува Европската унија да воспостави функција министер за финансии.

Шулц ја даде изјавата откако беше најавено дека е постигнат начелен договор со конзервативната коалиција предводена од Ангела Меркел за формирање на нова широка коалициска влада во Германија, на трите најголеми леви и десни партии. Прашањето на тоа како новата германска влада ќе се постави кон Европската унија беше едно од клучните прашања во преговорите меѓу Меркел и Шулц.

- Ќе има европски министер за финансии, изјави Шулц, чија партија се залага за подлабоко врзување на членките на ЕУ, со заеднички институции и со механизми за финансиска помош меѓу одделните членки.

Шулц притискаше Меркел да го прифати предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за зацврстување на ЕУ, кој предвидува формирање на заедничко европско Министерство за финансии, и покрај скептицизмот во редовите на партијата на Меркел, каде влијателни политичари предупредуваа дека ваквото поврзување со другите членки на ЕУ ќе значи дека Германија во иднина може да биде одговорна за долговите на целата унија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ