• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА19:18 12 јануари 2018 ● Прочитано 3164

 По речиси едномесечна пауза вечерва започнува вториот дел од фудбалскиот шампионат на Германија.

Уште на стартот, ќе бидат одиграни два дерби дуели. Вечерва во Леверкузен, екипата на Баер, кој е на четвртото место, го пречекува актуелниот првак и лидер на табелата минхенски Баерн.

Ова е воведниот меч од 18. коло на Бундес лигата, кое утре ќе ја понуди и втората дерби средба во која тимот на РБ Лајпциг ќе ги угости фудбалерите на Шалке.

Од екипите кои претендираат за највисок пласман и настап на европската сцена следната сезона, Борусија Дортмунд го пречекува Волфсбург, а Борусија Менхенгладбах му гостува на Келн.

По 17-те одиграни кола во првиот дел, лидерот Баерн Минхен создаде голема предност во одност на останатите. Баварците имаа 41 бод, дури 11 побеве од второпласираниот Шалке (30 бодови), по кој следуваа: Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах со по 28 бодови. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Хрватска ја совлада Норвешка и ги задржа шансите за пласман во полуфинале

На полувреме беше 17:15 за Хрватска, во 36. минута Норвешка дојде најблиску до 20:19, но потоа Хрватите дојдоа и до пет голови предност.

Французите ја совладаа Шведска

Актуелните светски шампиони Францусите вечерва во загрепска,, Арена" ја совлада Шведска со 23:17 полувреме 13:10.

Македонија го одработи последниот тренинг пред мечот со Шпанија

Вечерва следува уште видео анализата пред утрешниот дуел со Шпанија кој ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.

Дресен најбрз на спустот во Кицбил

Дресен (24) до својот прв триумф во кариерата во СК, стигна во време од 1 минута и 56,15 секунди.

Победа на Челзи против Брајтон и Хов Албион

Азар со својот втор гол во 77.минута зголеми на 3-0, а конечниот резултат 4-0 го постави Виктор Мозес во последните мигови од средбата (89).

НАЈЧИТАНИ