• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА17:39 12 јануари 2018 ● Прочитано 5456

Француската компанија „Лакталис“ ќе го повлече млекото за бебиња произведено во фабриката во градот Краон, откако десетици бебиња заболеа од бактеријата салмонела.

Околу 35 случаи на болеста се регистрирани во Франција, а едно бебе е заболено во Шпанија, додека во Грција се утврдува дали уште едно труење е поврзано со храната произведена во оваа фабрика.

Директорот на францускиот гигант Емануел Бесниер денеска беше повикан во Министерство за финансии на Франција, откако беше обелоденето дека компанијата го криела појавувањето на бактеријата салмонела во една од нејзините фабрики за производство на млеко во прав од која заболеа десетици бебиња.

 

Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер денеска информираше дека целото количество бебешка храна произведена во оваа фабрика во западна Франција кое е пуштено во продажба ќе биде повлечено.

- Целта на овој радикален чекор е да се избегне доцнење во одговорот, да не се пребаруваат пратките храна одделно и да се избегне опасноста од човечка грешка - изјави Ле Мер.

Најмалку 35 случаи на заболени бебиња се пријавени во Франција, а од денеска се испитуваат случаи и во други држави. Во Шпанија е пријавен случај на бебе кое заболело од салмонела откако пиело млеко од „Лакталис“, а сличен случај се испитува и во Грција.

„Лакталис“ веќе повлече 12 милиони конзерви со бебешко млеко и храна, но министерот Ле Мер ја обвини компанијата дека дел од овој контингент се уште бил во продажба.

Појавувањето на Бесниер пред француските власти е редок случај човекот познат како „таинствениот милијардер“ да се појави во јавност.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен (ВИДЕО)

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми, вели Анѓушев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја воведоа обврската граѓаните да станат ДДВ обврзници

Владата на СДСМ ја разгледува можноста за зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник.

Алексовска: СДСМ наместо да враќа ДДВ ги оданочува граѓаните

Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Компаниите не пројавиле интерес за саемот „Зелена недела “ во Берлин

Министерот за земјодлество Љупло Николовски присуствуваше на форумот одржан во рамки на саемот на тема сточарство.

Американската влада делумно парализирана, Сенатот не донесе привремен буџет

Се очекува делумната парализа на работата на Владата на САД да почне од денеска.

НАЈЧИТАНИ