• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:55 12 јануари 2018 ● Прочитано 4744

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас отвори постапка во врска со работата на депонијата Дрисла за загадување на животната средина и природата.

„По допрен глас отворен е предмет во Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик. Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, соопшти Скопско ОЈО. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен (ВИДЕО)

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми, вели Анѓушев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја воведоа обврската граѓаните да станат ДДВ обврзници

Владата на СДСМ ја разгледува можноста за зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник.

Алексовска: СДСМ наместо да враќа ДДВ ги оданочува граѓаните

Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Компаниите не пројавиле интерес за саемот „Зелена недела “ во Берлин

Министерот за земјодлество Љупло Николовски присуствуваше на форумот одржан во рамки на саемот на тема сточарство.

Американската влада делумно парализирана, Сенатот не донесе привремен буџет

Се очекува делумната парализа на работата на Владата на САД да почне од денеска.

НАЈЧИТАНИ