• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:23 12 јануари 2018 ● Прочитано 5906

Годинава фамозната Денс арена ќе донесе уште мноштво иновации кои ќе мора да се доживеат на лице место, во восхитувачкиот амбиент на најголемиот ров на колосалната Петроварадинска тврдина. Ултимативната техно-екипа во четврток на арената ја најавува досега најѕвездената листа на изведувачи, испишани на новата, уште подолга страница со која почнуваат следните 15 години. Честа во четврток, 12 јули, на оваа листа први да се запишат со своите фуриозни сетови ќе имаат во моментов најголемите техно-херои. Во оваа екипа заедно ќе играат пионерот и лидер на глобалното техно-движење Ричи Хотин, планетарно најмоќниот техно-пар Адам Бејер и Ида Енгберг, апсолутниот симбол на берлинската техно-сцена Бен Клок, техно-ѕвездата во најголем пораст на денешницата Амели Ленс, како и официјално најзапазениот техно-талент Анастасија Кристенсен.

Овогодишната регионална поддршка на арената доаѓа од светски прославениот сплитски диџеј Џок, а досега најголемата машинерија на тврдината прв ќе ја стартува младиот новосадски тандем Душан Николиќ и Рани.

Ричи Хотин, еднакво славен и како Пластикмен, овој пат на арената се враќа лично да го затвори овој, вистински децениски техно лајн-ап. На една од своите омилени сцени се враќа и најголемиот техно-пар на сите времиња Адам Бејер и Ида Енгберг. Со три деца и две огромни кариери, по неодамнешната венчавка, светските медиуми ги прогласија за „вистинска техно-фамилија“, „најкул пар на светот“ и слично.

Откако го изведе своето спектакуларно шоу „Фотон“ на неколку одбрани локации, техно-титанот Бен Клок стигнува на арената во моментот кога е најостварен.

Сепак, ако некој може да напише буквално филмска сторија за подемот, тоа е несомнено уникатната Амели Ленс, белгиската техно-хероина и Ричи Хотин и Адам Бајер ја прогласија за иднината на техното. До пред само година дена беше релативно анонимна, а денес е хедлајнер на најголемите фестивали.

Низ многу слична ситуација во моментов поминува и руско-данската ѕвезда во метеорски подем Анастасија Кристенсен, која веќе е прогласена официјално за најголем диџеј-талент од страна на списанието „Миксмаг“.

Сплитскиот диџеј Џок знае какво е чувството кога Карл Кокс прв го врти твоето демо на Ибица, а потоа и кога го објавува за својата издавачка куќа, а тебе те повикува да настапиш со него. Не изненадува тогаш ни кога ќе те прогласат за најдобар продуцент во регионот, со што ти е загарантиран повикот да заиграш во дресот на арената.

Истите бои оваа година ги бранат и домаќините од новосадската сцена, Душан Николиќ и Рани.

Откако Егзит Лето на љубовта минатото лето собра четири фестивали во низа, Егзит фридом 2018 ќе биде уште поголем фестивалски потфат, бидејќи го сочинуваат дури пет фестивали во пет земји: Егзит, Фестивал 84, Си стар, Револушн и Си денс. Во тек е и големата празнична акција, во која со Егзит влезница по промо цена од само 3.580 денари, само до 15 јануари се добиваат и влезници за останатите четири фестивали. Влезниците се продаваат во „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат), а на сајтот на официјалната туристичка агенција exittrip.org достапни се и туристички пакети, кои освен влезници, содржат и опција за сместување и превоз.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

Хари и Меган го направија третиот обичај пред венчавката

Хари и Меган се ракуваа со цела низа добронамерници, кои мавтаа со знамиња и ги фотографираа со своите телефони.

Пеле заврши во болница

„Над Пеле се направени неколку тестови кои покажуваа сериозен замор“, соопштија од Асоцијацијата за состојбата на фдбалерот.

Брижит Бардо: Лицемерни и смешни се обвинувањата за сексуални напади

Таа истакна дека никогаш не била жртва на сексуално малтретирање, иако беше секс симбол во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Тајните служби ја предупредија Иванка Трамп дека нејзината другарка е кинеска шпионка

Венди е поранешна сопруга на Руперт Мердок, сопственикот на „Њуз корп“, а со Иванка се спријателила пред повеќе од 12 години, кога станале сосетки.

НАЈЧИТАНИ