• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо09:17 12 јануари 2018 ● Прочитано 6181

Во Вевчани почнува празнувањето на Василица и традиционалниот карневал, а во пресрет на централниот настан викендов, вечерва ќе настапат „Pluto's Doubts“, „Фолтин“ и Кирил Џајковски.

Дефилето на маски ќе почне утре во 13 часот, а утревечер, на пречекот на православната Нова година, василичарите и гостите на Вевчани ќе ги забавуваат Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска.

Кулминацијата на настанот е на 14 јануари кога сретсело ќе има василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот ќе заврши в недела попладне со традиционалното палење на маските.

- Карневалот годинава е во викенд и очекуваме многу посетители од земјава и од странство. Вевчанскиот е најстар карневал, со најдолга традиција во Македонија и пошироко. Уникатен е и единствен, а учесниците ја имаат сета слобода да критикуваат и иронизираат, рече вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски на прес-конференција пред една недела.

Тој ги покани сите што имаат желба да дојдат во Вевчани за, како што рече, заедно со нив да му се радуваат на животот и да ја пречекаат старата нова година.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Последниот дел од трилогијата „Лавиринт“ во кината низ Македонија

Според режисерот Бол, ова е најголем филм кој го имаат досега направено и воедно најкомплицираниот.

„Писателот оддалеку“ на Владан Матијевиќ преведен на македонски

Владан Матијевиќ (1962) е меѓу најнаградуваните современи српски писатели – добитник е на највисоките книжевни награди во Србија.

Денови на иранската кинематографија во Кинотека од 22 до 27 јануари

Шест филма од современата иранска кинематографија, снимени од 2005 до 2014 година, ќе бидат прикажани во Кинотеката.

За Роман на годината 2017 ќе се натпреваруваат 28 книги

Тие се пријавени на конкурсот кој траеше од 15 декември до 15 јануари, годинава првпат во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“.

НАЈЧИТАНИ