• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо18:33 11 јануари 2018 ● Прочитано 5925

Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денеска издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години и каматна стапка од 2,75%.

Според Министерството за финансии, ова е историски убедливо најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници, како одраз на исклучително високата доверба кај меѓународните инвеститори за перспективите на македонската економија, како и поволните услови на меѓународните пазари на капитал. За споредба, каматните стапки на претходно издадените пет еврообврзници се движат меѓу 3,975% и 9,875%.

Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над 7 пати повисока од понудата, што претставува еден од најцврстите можни докази на довербата на инвеститорите во стабилноста на Македонија и во исклучително позитивните перспективи на македонската економија. Високата побарувачка овозможи да се постигне каматна стапка од 2,75% на годишно ниво, односно стапка на принос од 3%.

Како што е предвидено со Буџетот за 2018 година, приливите од евро-обврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, односно за непречено редовно извршување на сите буџетски расходи, како и за отплата на претходните долгови, вклучително и првата рата на PBG-кредитот од 2013 година во износ од 95 милиони евра која доспева на крајот на јануари. Притоа, паралелно со издавањето на еврообврзницата, Македонија за првпат изврши и делумен предвремен откуп на постоечка еврообврзница. Поточно, извршен е предвремен откуп на една третина од еврообврзницата од 270 милиони евра издадена во 2015 година која достасува во декември 2020 и чија што каматна стапка на издавање од 4,875% е значително повисока од каматна стапка на новоиздадената еврообврзница од 2,75%. Покрај каматните заштеди, со предвремениот откуп се намалува долгот кој достасува во 2020 година, односно значително се намалува ризикот од рефинансирање.

Во текот на утрешниот ден предвидена е прес-конференција на Министерот за финансии Драган Тевдовски по повод издавањето на еврообврзницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Светозар Јаневски доби орден „Витез од прва класа на редот на финскиот лав“

Јаневски беше одликуван поради своите досегашни залагања и исклучителниот придонес за соработката и пријателството меѓу двете земји,

Климатските промени се закануваат, рационално да се користи водата за наводнување

Во сушните области се препорачува одгледување култури кои имаат помала потреба од вода, а во многу сушните екстензивно сточарство.

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен (ВИДЕО)

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми, вели Анѓушев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја воведоа обврската граѓаните да станат ДДВ обврзници

Владата на СДСМ ја разгледува можноста за зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник.

Алексовска: СДСМ наместо да враќа ДДВ ги оданочува граѓаните

Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

НАЈЧИТАНИ