• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо18:27 11 јануари 2018 ● Прочитано 7222

Во врска со објавените резултати и одлуки на МРТВ по објавен Конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, Министерството за култура ја информира јавноста дека минатата година беа извршени јавни консултации со повеќе засегнати страни од кои произлезе заклучок дека Законот треба да се укине.

Министерството за култура подготви предлог – закон за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, кој со допис го достави и побара мислење и од МРТВ. Во таа насока, на 27 декември Министерството за култура доби позитивен одговор од МРТВ, во кое се вели дека МРТВ ќе се ослободи од обврска која не влегува во нејзината основна дејност и работење утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со овие одлуки на МРТВ, објавени на 5 јануари годинава се создаваат дополнителни непредвидени финансиски импликации и долгови врз буџетот за култура. Во моментов, Министерството за култура ги анализира финансиските импликации со кои ќе се оптовари буџетот. Факт е дека Законот е сѐ уште на сила и дека МРТВ засега постапува по него, сѐ додека Собранието не го усвои предлогот на Министерството за култура да се укине овој Закон. Но, Министерството за култура ќе преиспита дали овие одлуки на МРТВ донесени во новата година на 5 јануари, за конкурси кои се поврзани со програмата и буџетот од минатата година, се валидни и во согласност со законските прописи.

Министерството за култура до Владата веќе го поднесе предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, со клучни аргументи дека овој Закон не придонесе за зголемување на квалитетот, ниту пак донесе до напредок и развој на музичката продукција и индустрија. За жал, повеќето од композициите воопшто не наидоа на прием ниту беа слушнати од поширока јавност, а ниту беа промовирани и емитувани интензивно на македонските радија и телевизии. Речиси на сите објавени резултати по конкурсите, кои се инаку квартални во една година, имаше големи реакции во јавноста - дека се финансира неквалитет и шунд, и дека овие конкурси сè уште еден клиентелистички механизам за купување на наклонетоста и послушноста на одредени музички уметници. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Последниот дел од трилогијата „Лавиринт“ во кината низ Македонија

Според режисерот Бол, ова е најголем филм кој го имаат досега направено и воедно најкомплицираниот.

„Писателот оддалеку“ на Владан Матијевиќ преведен на македонски

Владан Матијевиќ (1962) е меѓу најнаградуваните современи српски писатели – добитник е на највисоките книжевни награди во Србија.

Денови на иранската кинематографија во Кинотека од 22 до 27 јануари

Шест филма од современата иранска кинематографија, снимени од 2005 до 2014 година, ќе бидат прикажани во Кинотеката.

За Роман на годината 2017 ќе се натпреваруваат 28 книги

Тие се пријавени на конкурсот кој траеше од 15 декември до 15 јануари, годинава првпат во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“.

НАЈЧИТАНИ