• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо15:00 11 јануари 2018 ● Прочитано 7045

Освен што му дијагностицирале оштетување на нервниот систем, поради што сè потешко ги контролира рацете, што и тоа како му пречи при свирењето на гитарата, Клептон боледува и од тинитус.

Легендарниот рок-гитарист Ерик Клептон (72) е свесен дека пред него стојат сè поголеми предизвици, бидејќи му е сè потешко да свири.
Иако фестивалот „Бритиш самр тајм“, најавен за 8 јули во лондонскиот Хајд парк, има повеќе од половина година, легендарниот музичар, чијшто настап се очекува со големо нетрпение, признал дека веќе сега има неверојатна трема, а во интервјуто за Би-би-си Радио 2 открил и зошто.

Здравствени проблеми

Клептон поради извесни здравствени проблеми, се плаши дали воопшто ќе може да го одработи концертот, а притоа да не ги разочара најверните обожаватели.

Освен што му дијагностицирале оштетување на нервниот систем, поради што сè потешко ги контролира рацете, што и тоа како му пречи при свирењето на гитарата, Клептон боледува и од тинитус – зуење во ушите, кое во староста може да доведе и до губење на слухот, а доколку не се лекува, кај некои пациенти, во најлошите случаи, долготрајно предизвикува несоница или депресија.

- Свесен сум за сериозноста на ситуацијата, но живеам од ден за ден... Среќен сум што сум тука, што можам сè уште да работам... Сè започна со болки во грбот, а тоа со текот на времето премина во периферна невропатија. Тоа е медицински термин за оштетувањето на нервите чиишто последици се слабост и вкочанетост на екстремитетите како и непријатно чувство на печење и трнење – објаснил Ерик.

Повлекување од сцената

Легендарниот музичар рекол дека се помирил со фактот дека неговата состојба нема да се подобри, а почнал да размислува и за повлекување од сцената, барем што се однесува на концертите.

- Едноставно не сакам да се посрамотувам пред луѓето што ме сакаат и почитуваат. Ако дојде до најлошото, секогаш ми останува работата и снимањето во студиото – заклучил Клептон.

Музичарот признал дека тешко преминува преку сите непријатности, особено поради тоа што тинитусот го спречува во извршувањето на она во што најдобро се снаоѓа - музиката.

„Се надевам дека луѓето ќе дојдат да ме слушаат, а не да ме видат од љубопитливост. Знам дека делумно ќе биде и поради тоа, бидејќи е неверојатно што сè уште сум тука. Многу е важно луѓето да видат среќен крај па ова ќе биде некој вид простување и искупување. Ако се осмелите да дојдете во јули, подгответе се на грубо возење“, додал Ерик Клептон.

Виртуоз

Британецот е единствениот музичар што трипати бил примен во Рокенрол куќата на славните. Ерик Клептон е рангиран како втор на листата на најголеми гитаристи на сите времињата на магазинот „Ролинг стоун“ и како 53-ти на нивната листа на 100 најголеми уметници на сите времиња.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ким Кардашијан гола го спобудале Инстаграм

Откако објави дека таа и Кејни Вест во понеделникот добија ќерка која ја роди сурогат мајка, Ким Кардашијан тоа го прослави така што се соблече гола.

Том Пети починал од случајно предозирање со лекови

Денот кога почина, веројатно неговите болки биле неподносливи и тоа било причина да се предозира со лекови.

Ардерн: Ќе бидам и премиерка и мајка

Јас не сум прва жена што ќе се справува со повеќе должности, изјавила премиерката на Нов Зеланд

Доли Партон со два Гиниса

Со ова, Доли Партон им се придружува на уметници како Џорџ Џонс и Елвис Присли.

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

НАЈЧИТАНИ