• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо14:52 11 јануари 2018 ● Прочитано 7299

Жена во алкохолизирана состојба се качи на бина во текот на концерт во Лас Вегас на канадската пејачка Селин Дион и почна да се трие од неа. Пејачката најрелаксирано се справи со ситуацијата.

На видеоснимка на Јутјуб може да се види како пијаната жена ѝ приоѓа на пејачката и ја става ногата врз неа.

Дион го задржува телохранителот што сака да ја тргне жената од бината и потоа ѝ се обраќа:

- Драго ми е што дојдовте овде вечерва. Драго ми е што ми пријдовте близу.

Селин се обидува да ја смири жената, која продолжува да ѝ се приближува и да се трие од неа.

На крајот двете се прегрнуваат, по што пејачката ѝ вели „те сакам“ и ја испраќа жената да се симне од бината.

Селин Дион, забележа „Хафингтон пост“, се справи со пијана жена со моќта на љубовта. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ким Кардашијан гола го спобудале Инстаграм

Откако објави дека таа и Кејни Вест во понеделникот добија ќерка која ја роди сурогат мајка, Ким Кардашијан тоа го прослави така што се соблече гола.

Том Пети починал од случајно предозирање со лекови

Денот кога почина, веројатно неговите болки биле неподносливи и тоа било причина да се предозира со лекови.

Ардерн: Ќе бидам и премиерка и мајка

Јас не сум прва жена што ќе се справува со повеќе должности, изјавила премиерката на Нов Зеланд

Доли Партон со два Гиниса

Со ова, Доли Партон им се придружува на уметници како Џорџ Џонс и Елвис Присли.

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

НАЈЧИТАНИ