• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 103
Плусинфо14:48 11 јануари 2018 ● Прочитано 5263

Стјуардесата Девши Кулшрешта (25) е уапсена откако се обидела да шверцува речиси 500.000 американски долари надвор од државата. Инспекторите го претресле нејзиниот багаж, а под козметиката и чевлите се криел куп со банкноти од 100 долари. Објавено е и видео што прикажува како инспекторите вадат банкноти од алуминиумска фолија, која требало да ги излаже рендген детекторите.

Благодарение на дојавата, индиските финансиски инспектори го запреле летот на „Џет ервејс“ од Делхи до Хонг Конг во понеделникот во два часот по полноќ. Кулшрешта е уапсена, а завчера се појавила на суд.

Инспекторите изјавиле дека кај Кулшрешта пронашле 480.200 долари обвиткани во алуминиумска фолија. Стјуардесата наводно соработувала со Амит Малхотра, криминален бос од Њу Делхи, од каде што и управува со шверцерската мрежа.

Малхотра ги собирал парите од трговците на злато во Делхи, а потоа преку стјуардеси ги шверцувал во странство. Парите потоа биле враќани во Индија во форма на злато. Малхотра исто така е уапсен. Инспекторите се сомневаат дека уапсената стјуардеса не е единствената вработена во „Џет ервејс“ која соработувала со шверцерскиот синџир. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Селфи на Фејсбук ја однесе полицијата до убиецот

И покрај тоа што група корисници на социјалната мрежа испратиле барање за да се отстрани фотографијата, Фејсбук тоа го одбил

Епл ќе плати 38 милијарди долари данок на враќање пари во САД

Епл е последната во низа компании што промовираат планови за вложување во САД по реформата на американскиот даночен систем

Геомагнетна бура утре ќе ја погоди Земјата

Според соопштението на НОАА, оваа геомагнетна бура е класифицирана на скалата од еден до пет како Г-1, што значи дека ќе биде со најслаба јачина.

Зошто Кинезите им облекуваат на децата пантолони со дупки?

Ако се прошетате по улиците во Кина, ќе забележите дека насекаде гледате откриени бебешки газиња. На запад оваа практика сѐ уште предизвикува чудење

Детето ве лаже? Не се грижете, тоа е добро!

Иако родителите се вознемируваат кога ќе дознаат дека детето лаже, истражувањата тврдат дека освен што е нормално, лажењето е и знак за интелигенција.

НАЈЧИТАНИ