• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо14:45 11 јануари 2018 ● Прочитано 8764

Серена Вилијамс, светска тенисерка и од неодамна мајка, ја краси насловната страница на магазинот „Вог“ за февруарското издание, заедно со својата ќеркичка Алексис Олимпија Оханијан Јуниор.

Алексис, која има три месеци, е најмладото лице што се појавило на насловната на „Вог“.

Во сторијата за магазинот, Вилијамс зборува за својот нов живот како мајка и сопруга, за своите амбиции во кариерата, но раскажала и за стравичната епизода од својот живот што ја преживеала по породувањето и како одвај извлекла жива глава.

Компликации

По ризичното породување со царски рез (бебето имало забавена работа на срцето во текот на контракциите), Серена се соочила со компликација, која често знае да заврши фатално - згрутчување на крвта. Таа воедно морала упорно да ги убедува лекарите дека треба да ја сфатат сериозно.

Денот по породувањето, Серена почувствувала дека останува без воздух. Поради нејзината историја на болест на згрутчување на крвта и тромбови и бидејќи не примала антикоагулантна терапија поради извршениот царски рез, веднаш претпоставила дека има белодробна емболија.

- Доплер? Ви реков, ми треба скен и хепарин. Бев во фазон - слушајте ја доктор Вилијамс – упорна била тенисерката.

По нејзиното настојување, ѝ бил направен скен, при што било откриено дека има неколку крвни згрутчувања во белите дробови и морале да започнат да ја лекуваат.

Нејзините здравствени проблеми не завршиле тука. Следните неколку денови Серена повторно била примена во хируршка сала, откако раната од царскиот рез се отворила, а лекарите пронашле хематом. Веднаш извршиле операција за да спречат згрутчување.

Мајчинство, ризик

По сè низ што поминала, Серена Вилијамс за „Вог“ изјавила дека не можела да стане од кревет неколку недели. Кога конечно ѝ било подобро, сфатила дека мајчинството не е лесна работа.

Вилијамс е една од околу 150.000 жени во Америка кои се соочуваат со сериозни проблеми поврзани со бременоста. За среќа, Серена ги познавала симптомите и си го спасила животот. За жал, помеѓу 700 до 1.200 Американки годишно не го преживуваат породувањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ким Кардашијан гола го спобудале Инстаграм

Откако објави дека таа и Кејни Вест во понеделникот добија ќерка која ја роди сурогат мајка, Ким Кардашијан тоа го прослави така што се соблече гола.

Том Пети починал од случајно предозирање со лекови

Денот кога почина, веројатно неговите болки биле неподносливи и тоа било причина да се предозира со лекови.

Ардерн: Ќе бидам и премиерка и мајка

Јас не сум прва жена што ќе се справува со повеќе должности, изјавила премиерката на Нов Зеланд

Доли Партон со два Гиниса

Со ова, Доли Партон им се придружува на уметници како Џорџ Џонс и Елвис Присли.

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

НАЈЧИТАНИ