• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо14:43 11 јануари 2018 ● Прочитано 7882

Пејачот Рики Мартин веќе се венчал со своето момче Џван Џозеф, но допрва ќе прават свадбена церемонија.

- Дадовме завети и се заколнавме на сè и ги потпишавме сите документи што беа потребно, предбрачни договори. Јас сум сопругот. Ќе правиме спектакуларна забава за неколку месеци, ќе бидете известени - изјавил Рики Мартин за медиумите.

Мартин, кој има 46 години, својата врска со Џозеф ја потврди во 2016 година, а подоцна истата година се свршија. Пејачот ја објави веста во шоуто на Елен Деџенерис.

- Јас се свршив. Се потам - рече тогаш Мартин, раскажувајќи дека бил нервозен кога го запросувал својот партнер и дека му биле потребни 30 минути да сфати дека Џозеф рекол „да“.

Пејачот исто така е татко на деветгодишните близнаци Матео и Валентино.

- Моите деца ме прашуваат во врска со тоа да се имаат двајца татковци и јас им велам дека ние сме модерно семејство. Ова е прекрасно чувство на слобода - неодамна рече Мартин.

Рики Мартин и Џван Џозеф ветуваат спектакуларна свадбена церемонија, најавувајќи дека нивните гости може да очекуваат тридневна забава. Сè уште не откриваат каде точно ќе се одвива настанот, иако имаат некои желби.

- Ќе има тридневно славење - вечера, проба, забава и сè по ред. Ќе биде тоа еден голем настан. Сакам нешто навистина масивно. Сакам да се венчаме во Порторико. Тоа сигурно ќе се случи, бидејќи сум оттаму, а тој е од Шведска, а некои негови роднини се од Сирија, така што ќе направиме нешто интернационално. Ќе видиме што ќе се случи – посочи Мартин неодамна.

Иако го држел оптимизмот, Рики сфатил и дека организацијата на венчална прослава, нешто според неговата замисла, и не е баш толку едноставно да се организира. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ким Кардашијан гола го спобудале Инстаграм

Откако објави дека таа и Кејни Вест во понеделникот добија ќерка која ја роди сурогат мајка, Ким Кардашијан тоа го прослави така што се соблече гола.

Том Пети починал од случајно предозирање со лекови

Денот кога почина, веројатно неговите болки биле неподносливи и тоа било причина да се предозира со лекови.

Ардерн: Ќе бидам и премиерка и мајка

Јас не сум прва жена што ќе се справува со повеќе должности, изјавила премиерката на Нов Зеланд

Доли Партон со два Гиниса

Со ова, Доли Партон им се придружува на уметници како Џорџ Џонс и Елвис Присли.

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

НАЈЧИТАНИ