• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
МИА14:15 11 јануари 2018 ● Прочитано 7179

На насловната страница на германското издание на „Плејбој“ првпат се најде трансроден модел, јави Би-Би-Си.

Џулиана Фарфала (21) ќе се појави со разголени гради, во согласност со традицијата на тоа еротско списание. Се работи за трансроден модел којшто веќе е познат по своите настапи во реални шоуа.

Главниот уредник на списанието, Флориан Боитин вели дека Фарфала е прекрасен пример во борбата за право на одредување на својот идентитет. Тој натаму додава и дека овој потег е во согласност со традицијата на починатиот основач на „Плејбој“, Хју Хефнер.

Американскиот „Плејбој“ лани прв го скрши мразот објавувајќи фотографии од трансроден модел.

Фарфала е роден како Паскал Радермахер, во граду Брајсгау во југозападна Германија. Вели дека уште во раното детство се чувствувал/-а како да е во туѓо тело. Операцијата за промена на полот ја направил/-а на свои 16 години.

На својот Инстаграм, моделот објави дека е супер-горда поради списанието.

Францускиот модел Инес Рау лани стана првата трансродна „Плејбој“ зајачица. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ким Кардашијан гола го спобудале Инстаграм

Откако објави дека таа и Кејни Вест во понеделникот добија ќерка која ја роди сурогат мајка, Ким Кардашијан тоа го прослави така што се соблече гола.

Том Пети починал од случајно предозирање со лекови

Денот кога почина, веројатно неговите болки биле неподносливи и тоа било причина да се предозира со лекови.

Ардерн: Ќе бидам и премиерка и мајка

Јас не сум прва жена што ќе се справува со повеќе должности, изјавила премиерката на Нов Зеланд

Доли Партон со два Гиниса

Со ова, Доли Партон им се придружува на уметници како Џорџ Џонс и Елвис Присли.

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

НАЈЧИТАНИ