• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
МИА12:56 11 јануари 2018 ● Прочитано 6677

 

Еден дел од украдениот накит од златарницата во парискиот хотел „Риц“ е пронајден, а двајца од вкупно петмината ограбувачи уште се во бегство, соопшти денеска полицаец, кој побара да остане анонимен.

Еден од напаѓачите фрлил торба со накит и секира, кога неговиот мотор удрил во пешаци за време на бегството.

- Во таа прилика еден пешак е полесно повреден, додаде неименуван полицаец.

Накитот е пронајден меѓу остатоци од скршен излог за време на ноќното чистење.

Пет мажи синоќа со секира го скршиле прозорецот на златарницата во познатиот хотел и земале стока во вредност од над четири и пол милиони евра.

Тројца крадци беа уапсени веднаш по грабежот.

Официјалните лица сé уште работат на утврдување на точниот број на парчињата накит кои недостасуваат.

Хотелот, каде соба за едно ноќевање чини најмалку илјада евра, утрово работи вообичаено.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Воз што лае сообраќа низ Јапонија

Животинските крикови треба да ги бркаат животните од железницата.

Харвард работи на „таблета за генијалност“

Со едноставен скен на мозокот сега може да се увиди дали човек има „креативен ум“ или не.

НАСА откри тунели на Месечината

Околу екваторот на Месечината откриени се околу 200 слични отвори, а новите се откриени на Северниот пол.

НАСА објави слики од наоблачениот јупитер

Леталото се наоѓало веднаш над јужниот пол на планетата, што значи дека успешно ги снимило нејзините различни слоеви од долу нагоре.

Ѝ наплаќаат станарина на својата петгодишна ќеркичка

Мојата петгодишна ќерка мора да ни плаќа за кирија и сметки, вели една мајка во својот пост на Фејсбук

НАЈЧИТАНИ