• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Ристо Лазаров10:26 11 јануари 2018 ● Прочитано 6036

Прага - По целодневната, главно полемична дебата, чешкиот парламент доцна синоќа го одложи гласањето за доверба на владата на Андреј Бабиш. Гласањето ќе се изврши во вторник, на 16 јануари - три дена по првиот круг за избор на претседател на Чешката Република. Двужењето АНО на премиерот Бабиш и СПД побараа во меѓувреме да заседава парламентарната мандатно-имунитетна комисија и побараа мислење од екс-детективот Комарко околу аферата „Штрково гнездо" која е главен камен на сопнување за изгласување доверба на Бабиш и неговата влада. На тоа се спртистави пратеникот на Комунистичката партија со зборовите „Ние не сме истражен орган". Според она што беше речено во дебатата, како новина во расплетувањето на изборот на новата влада се насетува можноста социјалдемократите, по одржувањето на својот конгрес, да го кажат решавачкото да" за Бабиш.

 

Без партиски кандидат

Синоќа на националниот тв-канал се одржа и дебатата на осуммина претседателски кандидати. Сегашниот претседател Милош Земан во исто време имаше интервју на една приватна телевизија.

Во врска со прашањето на замената на чешката круна со еврото, Јиржи Драгош, еден од најсериозните кандидати за нов претседател рече дека владата треба да започне сериозна дебата за усвојувањето на еврото. Мандатот на владата е четири години и тоа е реално време еврото конечно да се прифати, рече Драгош. Меѓутоа, не пропушти да додаде дека е важно да се убедат граѓаните, бидејќи моментно 80 отсто од жителите на Чешка се против воведувањето на еврото.

Интересни зе некои споредби кои се прават во однос на изборите од 2013 година. Тогаш, оценуваат социолозите и истражувачите на јавното мислење, кампањата повеќе личела на парламентарна. Главна причина за тоа е фактот што кандидатите биле партиски, додека оваа година нема партиски кандидати. Тогаш имаше борба на секој против секого, а сегашниот прв круг се сведува на борба за место на предизвикувач на Милош Земан во вториот круг - оценуваат стручњаците.

Завчеравечер, пак,во говорот на гала вечерата приредена во знак на почетокот на прославата на 100-годишнината од основањето на Република Чешка, претседателот изнесе нови, а реакциите покажуваат и контроверзни, гледања на чешката историја, особено на онаа по Втората светска војна. На почетокот на 1948 година, како што е познато, Чехословачка падна во канџите на СССР и стана членка на Варшавскиот пакт.

- Да не беа неколкумина глупави некомунистички министри кои тогаш се повлекоа од владата, ќе беше невозможно Клемент Готвалд да положи претседателска заклетва по извршениот комунистички пуч - рече Земан за настаните од февруари 1948 година.

Говорејќи за советската окупација од 1968 година, Земан рече дека бившиот секретар на ЦК КПЧ Александар Дубчек тогаш бил ужансно исплашен. Земан рече дека тогаш е постигнат извесен консензус кој не помогнал ништо во времето на окупацијата: Дубчек најпрвин беше преместен на функцијата претседател на парламентот, а потоа за амбасадор во Турција, а на крајот го изгуби и тоа. Слично поминале и останатите членови на раководството на државата.

 

Поинакво видување на историјата

Земан изненади многумина со тврдењето дека паѓањето на комунистичкиот режим во Чехословачка во 1089 година не го извеле само дисидентите и нивната „Повелба 77", туку значајна улога има и советскиот лидер: „Горбачов овозможи распаѓање на Советскиот сојуз, што овозможи и Чехословачка да се ослободи од неговите канџи. Мислам дека и нему треба да му ја изразиме својата почит".

Додека словачкиот премиер Роберт Фиц, кој присуствуваше на гала вечерата во дворецот на Храдчани, со комплименти рече: „Имате претседател кој точно знае дека во светот има четири големи сили", претседателските кандидати, ривали на Земан, остро се нафрлија врз неговото излагање. Академикот Јиржи Драгош, кого мнозина го гледаат во вториот круг на изборите како Земанов противкандидат, рече дека тоа била егоцентрична претстава на историчар-аматер што ги навредува мртвите. Тој додаде дека настаните однеле стотици животи и прогонства на илјадници луѓе, поради што од претседателот очекувал помалку површни проценки. Драгош ја искористи приликата и во изборни цели, велејќи дека "кој нема храброст да расправа со живи политичари - мислејќи на тв дебатите на кои Земан не учествува - не би требало да гио навредува мртвите. За Павел Фишер говорот е скандалозен и тој се срами од него.

На говорот на Земан, посебно на оној дел каде што го спомнува Дубчек кој, како што е познато е Словак, лично реагираше и словачкиот министер за култура Марек Мадарич. Тој рече дека и најголемите имаат свои слаби моменти, но дека е исклучително неприкладно и непристојно таквите моменти да се потенцираат во свечени мигови.

Спроти изборите се огласи и Земановиот лекарски совет, кој енергично ги демантираше гласините кои ги користат и некои од неговите соперници, дека сегашниот претседател има рак. Медицинскиот совет потврди дека „претседателот се чувствува мошне добро, дека е во добра физичка и ментална состојба“. Шефот на универзитетската клиника за онкологија, пак, врз основа на комплетните прегледи, вели дека не се пронајдени никакви знаци дека претседателот има рак. За Земан се знае дека болува од дијабетес, но лекарите тврдат дека болеста се држи под контрола.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Над 677 илјади корисници на Твитер во САД следеле лажни руски сметки (ГАЛЕРИЈА)

Гигантот на социјалните медиуми откри дека ИРА преку своите 3.814 сметки објавила „175.993 твитови, од кои приближно 8.4% се поврзани со изборите“.

Путин ги споредува Ленин и комунизмот со христијанството

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди Владимир Ленин со светец и изјави дека советските комунистички идеи доаѓаат од Библијата.

ПРОФИЛ Оливер Ивановиќ: Тврдиот орев брутално скршен

Ивановиќ беше неомилен лик кај актуелните власти во Белград, а против него со месеци провладините медиуми водеа црна кампања

Што мисли светот за политичката позадина на убиството на Оливер Ивановиќ

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица е еден од оние настани кој секој мир може да го претворат во војна и секоја војна во мир.

Новата чешка Влада не доби доверба

По минатонеделното одложување на гласањето, синоќа Бабиш ги доби гласовите само на своето движење АНО, додека останатите присутни беа против.

НАЈЧИТАНИ