• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 103
МИА19:24 10 јануари 2018 ● Прочитано 5588

Продавачка од Шпанија доби отказ од работа, оти на едно дете му ја открила „тајната за Дедо Мраз“.

Жената поднела жалба на одлуката, но Судот во Тенерифе ја отфрлил со образложение дека отказот бил оправдан.

Продавачката работела во оддел за накит и часовници, кога на едно девојче и нејзиниот татко им рекла да одат во друга продавница, за мајката да одбере божиќен подарок за ќеркичката.

Девојчето било вџашено од сознанието дека божиќните подароци не ги носи Дедо Мраз, туку ги купуваат нејзините родители, кои и самите останале изненадени од зборовите на продавачката, стои во пресудата.

Во образложението се посочува дека и пред тој инцидент, продавачката неколкупати се однесувала непримерено во однос на својата професија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Селфи на Фејсбук ја однесе полицијата до убиецот

И покрај тоа што група корисници на социјалната мрежа испратиле барање за да се отстрани фотографијата, Фејсбук тоа го одбил

Епл ќе плати 38 милијарди долари данок на враќање пари во САД

Епл е последната во низа компании што промовираат планови за вложување во САД по реформата на американскиот даночен систем

Геомагнетна бура утре ќе ја погоди Земјата

Според соопштението на НОАА, оваа геомагнетна бура е класифицирана на скалата од еден до пет како Г-1, што значи дека ќе биде со најслаба јачина.

Зошто Кинезите им облекуваат на децата пантолони со дупки?

Ако се прошетате по улиците во Кина, ќе забележите дека насекаде гледате откриени бебешки газиња. На запад оваа практика сѐ уште предизвикува чудење

Детето ве лаже? Не се грижете, тоа е добро!

Иако родителите се вознемируваат кога ќе дознаат дека детето лаже, истражувањата тврдат дека освен што е нормално, лажењето е и знак за интелигенција.

НАЈЧИТАНИ