• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 103
МИА17:03 10 јануари 2018 ● Прочитано 5908

Јапонскиот астронаут Норисиге Канаи, кој изминативе денови беше хит поради својот наводен раст од девет сантиметри, се извини за грешката во мерењето и лажните вести кои ги објавил.

Претходно, Јапонецот на Твитер напиша дека за три седмици, колку што престојува на Меѓународната вселенска станица (МВС), тој пораснал за цели девет сантиметри.

Канаи (41), на кого ова му е прва мисија на МВС, дури изрази и загрженост поради драстичниот раст.

- Пораснав како билка за само три недели... Сега не знам дали ќе ме собере во Сојуз (капсулата) што ќе ме превезе дома, напиша Канаи меѓу другото.

Но, во последната своја објава, тој објаснува дека одговорниот во тимот, рускиот астронаут Антон Шкаплеров, се сомневал во резултатите, па го повториле мерењето. Така се утврдило дека Канаи е само два сантиметра повисок.

И Јапонската агенција за аеровселенски истражувања (ЈАХА) појасни дека во Вселената, растот на еден човек, поради немањето гравитација, обично се зголемува за еден до два сантиметра, во екстремен случај - пет, но не и повеќе.

Јапонецот Канаи, Русинот Шкаплеров и американскиот космонаут Скот Тингли пристигнаа на МВС на 19 декември 2017 година. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Селфи на Фејсбук ја однесе полицијата до убиецот

И покрај тоа што група корисници на социјалната мрежа испратиле барање за да се отстрани фотографијата, Фејсбук тоа го одбил

Епл ќе плати 38 милијарди долари данок на враќање пари во САД

Епл е последната во низа компании што промовираат планови за вложување во САД по реформата на американскиот даночен систем

Геомагнетна бура утре ќе ја погоди Земјата

Според соопштението на НОАА, оваа геомагнетна бура е класифицирана на скалата од еден до пет како Г-1, што значи дека ќе биде со најслаба јачина.

Зошто Кинезите им облекуваат на децата пантолони со дупки?

Ако се прошетате по улиците во Кина, ќе забележите дека насекаде гледате откриени бебешки газиња. На запад оваа практика сѐ уште предизвикува чудење

Детето ве лаже? Не се грижете, тоа е добро!

Иако родителите се вознемируваат кога ќе дознаат дека детето лаже, истражувањата тврдат дека освен што е нормално, лажењето е и знак за интелигенција.

НАЈЧИТАНИ