• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо14:44 10 јануари 2018 ● Прочитано 7712

Градот Скопје, како дел од краткорочните мерки за намалување на загадувањето во градот, ќе спроведе акција во која ќе измијат улиците од наталожената прашина и ќе се исчистат јавните зелени површини во општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел.

 

- Продолжуваме со примената на вонредните мерки за намалување на аерозагадувањето. Наталожената прашина на улиците во градот е една од причините за загадување на воздухот. Планираме таа прашина да ја тргнеме од улиците. Кон крајот на минатата година организиравме чистење на Скопје и беа отстранети над 3.000 кубни метри смет. Целиме кон тоа чистењето да прерасне во редовна пракса, со која улиците во Скопје ќе бидат постојано чисти - истакна градоначалникот Шилегов.

Тој, исто така, ги повика граѓаните на поголема вклученост во борбата против аерозагадувањето на секој можен начин и посочи дека ниту една од мерките самостојно не го решава проблемот, ама повеќе мерки во кои ќе бидеме вклучени сите, и граѓаните и институциите, можат да придонесат да дишеме почист воздух, бидејќи Скопје е дом на сите граѓани, а чистотата на амбиенталниот воздух е заедничка обврска.

- Најпрво, три дена ќе се чистат улиците во општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Започнуваме со овие општини од причина што во овие делови на Скопје, најголем број од домаќинствата се греат на дрва, чие согорување го зголемува количеството на ПМ10 честички во воздухот. По завршувањето на чистењето во овие општини, планирано е акцијата да продолжи и во општините Аеродром и Гази Баба - рече Шилегов.

Во акцијата ќе бидат ангажирани вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП„ Комунална хигиена“ со нивната механизација. Работниците ќе ги исчистат од листови и ќе ги искосат јавните зелени површини, ќе ги искастрат крошните на дрвјата и грмушките, ќе ги отстранат сувите и надвиснати гранки над улиците коишто претставуваат и опасност по безбедноста на минувачите и учесниците во сообраќајот и ќе ги измијат улиците и тротоарите, соопштија од Град Скопје.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Исклучените од парно ќе дискутираат за калориметрите

Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

Last Minute Sale со попусти до 70 отсто

Девојки го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол.

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

НАЈЧИТАНИ