• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо14:38 10 јануари 2018 ● Прочитано 9131

Француската филмска икона Катрин Денев (74) и уште 99 Французинки ги осудија во вторникот нападите врз мажите по низата сексуални скандали во филмскиот свет, изјавувајќи дека кампањата #MeeTo против сексуалното насилство е „пуританизам“ и дека ја отвора „омразата кон мажите“.

По обвиненијата на сметка на американскиот продуцент Харви Вајнстин, милиони жени на социјалните мрежи ги споделија своите приказни за сексуалното вознемирување и малтретирање, служејќи се со глобалниот хаштаг #MeeToo.

Упорното додворување не е злосторство

Во текстот што го потпишаа француски писатели, изведувачи и академици, меѓу другите и писателките Катрин Мије, актерката Ингрид Каван, филозофката Пеги Састр, се наведува дека „силувањето е злосторство“, но „упорното флертување не е злосторство, додека машката галантност не мора да биде чин на агресија на мачо мажот“.

„Силувањето е злосторство. Но, напорното или неспретното додворување не е злосторство, како што ниту давањето комплименти не е мачо напад“, напишале во колумната во весникот „Ле Монд“ стотина жени, вклучувајќи ја Катрин Денев.

Славната актерка неодамна рекла дека не разбира зошто жените зборуваат за сексуалното малтретирање на социјалните мрежи.
„Грозно е жените така да зборуваат на социјалните мрежи. Дали ќе им биде поинтересно таму да зборуваат? Дали им е така полесно? Дали така ќе ги променат нештата“, навела славната актерка и додала дека се знае местото каде се решаваат таквите работи.

Феминистичко вознемирување на мажите

Таа група жени додала дека поради разните обвиненија на интернет, дошло до „експедитивна правда и многу мажи се казнети бидејќи им го допреле коленото или украле бакнеж во текот на некоја бизнис-вечера или пратиле порака со сексуална конотација на некоја жена кај која не наишле на возвратена привлечност“.

Новинарката Елизабет Леви навела дека сега постои тенденција на „феминистичко вознемирување на мажите“.

Правото на мажите да им додворуваат на жените е клучен дел од сексуалната слобода, велат овие жени нарекувајќи ја кампањата „пуританизам“.

Катрин Денев како и писателките Абнус Шалмани и Кетрин Мије предупредуваат дека жените што не се приклучуваат на бранот на обвинувањето на насилните мажи се наречени предавници.

- Таа новонастаната правда веќе ги однесува своите жртви, мажите што добиваат откази. А, ним на товар им се става допирањето по колената, обид за бакнеж, разговор за интимните прашања на бизнис-вечерите или праќањето пораки со сексуална содржина на некоја жена со која не почувствувале заемна сексуална привлечност“, истакнуваат тие.

Катрин Денев е актерка номинирана за Оскар, снимила повеќе од 120 филмови, а наградувана е на фестивалите во Кан, Венеција и Берлин.

Жените не се жртви

Катрин неодамна зборуваше отворено против кампањи за социјални медиуми, кои, како што вели, ги засрамиле мажите обвинети за малтретирање жени.

„Слободата на говорот се претвори во спротивност. Пуританството се користи како аргумент за заштита на жените и нивната еманципација, со што тие се претставени како вечни жртви, што не е така“, се наведува во текстот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ким Кардашијан гола го спобудале Инстаграм

Откако објави дека таа и Кејни Вест во понеделникот добија ќерка која ја роди сурогат мајка, Ким Кардашијан тоа го прослави така што се соблече гола.

Том Пети починал од случајно предозирање со лекови

Денот кога почина, веројатно неговите болки биле неподносливи и тоа било причина да се предозира со лекови.

Ардерн: Ќе бидам и премиерка и мајка

Јас не сум прва жена што ќе се справува со повеќе должности, изјавила премиерката на Нов Зеланд

Доли Партон со два Гиниса

Со ова, Доли Партон им се придружува на уметници како Џорџ Џонс и Елвис Присли.

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

НАЈЧИТАНИ