• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо14:31 10 јануари 2018 ● Прочитано 8448

Од Кенсингтонската палата потврдија дека свршеничката на принцот Хари, Меган Маркл, ги исклучила сите профили на социјалните мрежи, согласно со кралската традиција. Лани Меган го исклучи и својот блог за животен стил.

Американската актерка ги исклучила профилите на Фејсбук, Твитер и на Инстаграм. Од палатата изјавиле дека Маркл е „благодарна на сите што ја следеле на социјалните медиуми со години“, додавајќи дека таа извесно време веќе не ги користела своите профили.

Палатата Кенсингтон има свои профили. Инаку, Меган ги изгасна своите профили откако таа и Хари ја посетија општинската радиостаница во Брикстон, која обучува млади луѓе на медиумски вештини.

Во ноември 2017 година Меган Маркл изјави дека е помирена со напуштање на актерската кариера. Таа посочи дека на тоа не гледа како на откажување од нешто, туку како на промена.

- Ова е ново поглавје - изјавила идната сопруга на принцот Хари, додавајќи дека е задоволна од нејзиниот ангажман на серијата во која глумеше.

Меган Маркл и принцот Хари ќе се венчаат на 19 мај во Виндзор.

Венчавката на принцот Хари и Меган Маркл може да ѝ донесе на британската економија дури 500 милиони фунти од тоа што странски и домашни туристи ќе ја следат свадбената свеченост, проценила Државната канцеларија за статистика.

Името на Меган Маркл беше еден од најпребаруваните поими на Гугл за 2017 година, заедно со ураганот Ирма, ајфон 8, ајфон икс, Мет Лауер (кој беше отпуштен од Ен-би-си њуз откако вработена се пожалила за негово непристојно сексуално однесување).
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ким Кардашијан гола го спобудале Инстаграм

Откако објави дека таа и Кејни Вест во понеделникот добија ќерка која ја роди сурогат мајка, Ким Кардашијан тоа го прослави така што се соблече гола.

Том Пети починал од случајно предозирање со лекови

Денот кога почина, веројатно неговите болки биле неподносливи и тоа било причина да се предозира со лекови.

Ардерн: Ќе бидам и премиерка и мајка

Јас не сум прва жена што ќе се справува со повеќе должности, изјавила премиерката на Нов Зеланд

Доли Партон со два Гиниса

Со ова, Доли Партон им се придружува на уметници како Џорџ Џонс и Елвис Присли.

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

НАЈЧИТАНИ