• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо12:34 10 јануари 2018 ● Прочитано 7622

„Академија за младински активизам” е проект кој овозможува десетина млади луѓе од Општина Карпош, на возраст од 17 до 24 години, да поминат низ серија на обуки со кои ќе стекнат вештини во сферата на комуникациите, полесно детектирање на локални проблеми и учество во носењето на одлуки на локално ниво, со што конкретно ќе ги зајакнат своите капацитети за да бидат активни граѓани на локалната заедница.

Овој проект ќе го спроведе младинската организација „Младите можат“ во соработка со Општина Карпош, а е поддржан и од Фондација Shuler Helfen Leben.

За начинот на спроведување на овој проект, денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставниците на „Младите можат“, Анита Николовска и Никола Ивановски.

На крајот од овој месец ќе биде објавен јавен повик од организацијата „Младите можат“, со што заинтересираните млади ќе имаат шанса да аплицираат и да бидат дел од проектот кој ќе опфати четири општини.

Градоначалникот Богоев посочи дека општината веќе поддржа неколку проекти од младински организации чија цел е разработување на стратегија за млади во Карпош, како и зајакнување на јавната свест за заштита на животната средина.

- Ја поддржуваме и унапредуваме соработката меѓу младите, со цел да имаат подобри услови за образование, напредок и нови достигнувања. Целта е да се зајакнат капацитетите на младите во што повеќе сфери на живеење и општествено ангажирање. Овие активности, кои не се дел од наставата, дополнително ќе ни помогнат и нас како општина, но ќе придонесе и за нивна доквалификација и надградба - рече Богоев.

Претставниците од „Младите можат“ го истакнаа своето задоволство од можноста за соработка со Општина Карпош. Во оваа прилика нагласија дека со овој проект ќе се овозможи младите карпошани да дефинираат локално младинско прашање кое заеднички ќе го унапредуваат и решаваат.

Во текот на реализацијата на проектот младите ќе имаат можност да остварат посета на Општина Карпош и да се запознаат со работата на локалната администрација, а ќе претстои и вмрежување меѓу младите и градоначалниците од другите општини кои ќе бидат дел од овој проект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Исклучените од парно ќе дискутираат за калориметрите

Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

Last Minute Sale со попусти до 70 отсто

Девојки го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол.

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

НАЈЧИТАНИ